fbpx

Промовирана збирката раскази „Сто години копнеж“ од Мишо Јузмески

-

Во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, вчеравечер пред читателската јавност во Ресен беше промовирана збирката раскази „Сто години копнеж“ од охридскиот автор Мишо Јузмески.

За целокупното творештво на авторот зборуваше Наташа Зузаровска, а поконкретно за книгата „Сто години копнеж“ свој осврт даде м-р Лидија Размоска.

– Секој расказ има своја порака. Секоја порака ја оживува вистината за љубовта, сонот и за копнежот. Силната желба да се реализира сонот, ја навестува љубовта која заради неможноста да се оствари, се претвора во сон. Сонот се претвора во бескрајност, во силна желба да се постигне нешто, во копнеж – рече Размоска.

Делови од книгата читаше Адријана Славкова.

„Сто години копнеж“ е најновата книга од Јузмески. Од печат излезе во почетокот на 2014 година и досега беше претставена пред читателската јавност во Охрид и во Прилеп, исто како и пред Македонците во Република Албанија, во Поградец, Корча и во Пустец.

Јузмески досега има објавено шест книги со различни видови проза.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...