fbpx

„Утринска молитва“, седми роман на Петко Шипинкаровски

-

Најновиот роман „Утринска молитва“ на писателот Петко Шипинкаровски е опфатен со програмата за поддршка на проекти од национален интерес на Македонија, на Министерството за култура на Република Македонија.

Делото кое ќе биде објавено годинава, е седми по ред роман на Шишинкаровски или деветти, сметајќи ги двете романизирани монографии, пишува порталот „Инпрес“.

Најновото дело „Утринска молитва“ е настан во кој главна одлика е хуманоста на балканскиот човек, групиран во дејства врзувани во Македонија, Србија и во Албанија, со хуманоста и со пожртвуваноста на луѓето од овие краишта за да се спаси младата Еврејка Естер Меир од пламените на злогласните логори во Полска, конкретно, Треблинка, од прогомот, теророт, стравотните, дури во некои моменти и настраностите и лакомиите на носителите – слуги на фашистичкиот окупатор во Втората светска војна.

„Сплетот на околностите што ја следат младата Еврејка и нараторството на ликовите во раскажувачката лабораторија, низ еден магичен круг ја врзуваат прикаската од раните школки денови на Еврејката Естер Меир, студентските и, потоа, во зовриениот вител на страшната војна. Но, големото срце кај добронамерниот човек се отвора тогаш кога на другиот му е најпотребна помош, па дури да го жртвува и своето, и ја дава, и избавува страдателката“ вели Шипинкаровски за својот роман.

„Групирани околу една жена, настаните од „Утринска молитва“, раскажани, исто така, од една друга жена, Жената во забун, говорат драматично за едно општо зло време, но и за едно лично, кое соочувајќи се со злото го наоѓа својот пат, пат кон освестување на својот идентитет и на идентиетот на еден цел народ. Естер Меир, ликот кој е столб на нарацијата, го врзува раскажувањето, а изборот на женски наратор, што Шипинкаровски го прави повторно и во овој роман, токму раскажувањето го прави објава на женскиот глас, носејќи го автентичното прекажување со оние прекажувања на историјата преку женскиот глас – вели рецензентот м-р Мерсиха Исмајлоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...