недела, 12 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: роман | 31 резултати

Објавен македонски превод на историскиот роман „Раскажувачот“ на словенечката писателка Мирана Ликар

март 7, 2024

Издавачката куќа „Полица“ од Скопје објави превод на романот „Раскажувачот“ на словенечката писателка Мирана Ликар, кој пренесува уникатно сведоштво за човечките судбини зафатени со виорот на историските случувања во текот на дваесеттиот век. „Овој превод премногу ми значи и јас сум пресреќна што луѓето ќе може да ја читаат книгата на македонски. Благодарноста за преводот […]

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2023 година

декември 15, 2023

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на година“. Право на учество на конкурсот кој ќе трае од денеска па до 15 јануари догодина, имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2023 година. Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен […]

Објавен е романот „Пеколен меден месец“ на Благоја Стојков во издание на „Антолог“

јуни 19, 2023

Објавен е новиот роман „Пеколен меден месец“ на младиот македонски автор Благоја Стојков. Промоцијата на книгата се одржа минатиот понеделник, а најновото дело на Стојков е во издание на издавачката куќа „Антолог“. Промотор на романот е Јане Алтипармаков, додека модератор на промоцијата беше Катерина Котеска. Инаку, Стојков го освои првото место на минатогодишниот Конкурс за […]

„Отуѓување“: Роман за битката на еден човек кој се бори со системот за да си го види своето дете

април 26, 2023

На одбележувањето на Светскиот ден на борбата против родителското отуѓување, во Домот на АРМ вчера беше промовиран романот „Отуѓување“, напишан според вистинска приказна. Автор е Ѓорѓи Мешков, која ја пренесува потресната животна битка на кавадарчанецот Бранко Брковиќ, кој шест години се бори со центрите за социјални работи за да си го гледа синот, но не […]

Деветнаесет романи во селекција за наградата „Роман на годината“

февруари 17, 2023

Од пристигнатите вкупно 35 романи, жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ја направи првата селекција во која се одбрани 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда. Жири-комисијата во состав Симона Јовановска, Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов […]

„Готен“ го објави тинејџерскиот роман „Прегрни ме цврсто“ од Лоф Ју

јуни 17, 2022

Издавачката куќа „Готен“ го објави романот за тинејџери „Прегрни ме цврсто“ од шпанскиот авторски пар Лоф Ју. Преводот од шпански јазик е на Марија Саревска-Тодоровска, информираат од „Готен“. „Романот „Прегрни ме цврсто“ е роман за тинејџери во кој преку потрагата за љубов на неколку млади луѓе се открива светот на тинејџерите исполнет со многу емоции, […]

Издаден „Столб што пее“ – четвртиот роман на Томислав Османли

јуни 13, 2022

Деновиве излезе од печат новиот роман на истакнатиот македонски писател Томислав Османли, „Столб што пее“. „Романот е со сложен хронотоп и наратив составен од девет меѓусебно поврзани текови, соединети во матицата на романот, којшто го следат и го засилуваат впечатливи документарни елементи: автентични фотографии, агенциски вести, tweet-ови, два природно вметнати расказни цитати од „Делата апостолски” […]

Во среда промоција на реобјавените романи на македонската писателка Оливера Николова

март 28, 2022

На 30 март со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет, ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата македонска писателка Оливера Николова. Во томовите составени од 12 книги е реобјавено целото творештво за возрасни на македонската романсиерка и драмска писателка. Секое дело е дополнето […]

„Денот на црвот“ од Симона Јовановска ја доби наградата „Роман на годината“

март 15, 2022

Делото „Денот на црвот“, кое е прв роман на авторката Симона Јовановска, ја доби наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е издаден во 2021 година од страна на издавачката куќа „Или-или“, во едиција на „ПроАза“. Како што соопштија од Фондацијата „Славко Јаневски“, официјалното врачување на наградата е планирано за септември, […]

Отворен малиот новогодишен саем на книгата на „Темплум“ со разговори за два романа

декември 28, 2021

Со разговор за книгите „Разнишан свет“ од Ирина Јурчева и „Ходник кон амнезија“ на Александра Мачковска, вчера започна програмата на годинешниот Мал новогодишен саем на книгата кој по 12-ти пат се организира од страна на издавачката куќа „Темплум“ Разговорот се одвиваше во делот пред стрип-книжарницата „Гладно срце“, во пријатна атмосфера со вљубеници во книжевноста кои […]

Наградениот роман „Амок – луксембуршка љубовна приказна“ од Тулио Форџарини објавен на македонски јазик

ноември 2, 2021

Издавачката куќа „Готен“ го најави објавувањето на романот „Амок – луксембуршка љубовна приказна“ со превод на макеоднски јазик. Тулио Форџарини во својот роман пишува низ призмата на петнаесетгодишен протагонист кој живее на општествените маргини и проговорува за проблемите на социјалната изолација, запоставеноста, недостигот на перспектива, нарушувањето во однесувањето и бесмисленото насилство. „Својата мисла во романот […]

Објавен Конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2021 година

октомври 20, 2021

Издавачката куќа Темплум по шеснаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“ за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик. Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено […]

Нобеловата награда за литература годинава му припадна на Абдулразак Гурнах

октомври 7, 2021

Нобеловата награда за литература оваа година ја доби Абдулразак Гурнах од островот Занзибар (Танзанија), којшто бил приморан да живее во Обединетото Кралство (ОК). Според Нобеловиот комитет, наградата на Гурнах му се доделува поради „неговото некомпромитирано и сочуствително навлегување на ефектите на колонијализмот и судбината на бегалците среде засекот на културите и континентите“. Гурнах израснал на […]

Арта Селмани: Знаењето е светлина што ве крева до небо и ве носи најдлабоко во земјата, за да истражувате

декември 4, 2020

Знаењето е светлина што ве крева до небо и ве носи најдлабоко во земјата, за да истражувате. Ова е возможно само ако се образуваме, така сме слободни, знаеме што сакаме и што ни се допаѓа, го знаеме тоа што нè прави среќни. Toa e дел од пораката на Арта Селмани за младите во интервјуто за […]

EUvsDISINFO: Кремљ орвеловски го толкува Орвел

јули 17, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Сервисот на ЕУ за проверка на информациите […]

Монтиран твит за сеење меѓуетничка нетрпеливост проголтаа српски медиуми, „Танјуг“ и српското МО

декември 5, 2019

Една „фотомонтажа“ на твит, која предизвика многу гнев во српскојазичните медиуми на Балканот, е темата со која неодамна се зафати босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против лажните вести „Раскринкавање“ и докажа дека станува збор за лошо „скрпен“, односно измонтиран твит кој му се припишува на Емир Суљагиќ, од неодамна директор на Меморијалниот […]

Промоција на романот „Ние сме лудаци“ од Сашо Кокаланов

декември 7, 2016

Романот „Ние сме лудаци“ од Сашо Кокаланов ќе биде промовиран вечерва во клуб-ресторанот МКЦ во 20 часот. Промотори се Оливера Ќорвезироска, Сашко Насев и Ѕвездан Георгиевски, кои за романот ќе кажат дека е политичко-сатиричен, исконструиран и нестварен речиси колку и животот. Сашо Кокаланов (38) е новинар, драматург и романсиер. Пишува сатира и колумни за повеќе медиуми. […]

Промоција на романот „Утринска молитва“ 

септември 30, 2016

Во библиотеката „Искра“ во Кочани, денеска ќе се одржи промоција на романот „Утринска молитва“ од Петко Шипинкаровски. На свеченоста, во име на издавачот „Македонија презент“ од Скопје, ќе се обрати главниот и одговорен уредник, Христо Петрески. Осврт за романот на Шипинкаровски и критички приказ за вредностите на ова издание ќе даде истакнатиот македонски писател, литературен […]

Романот „Алма Малер“ на охридскиот писател Димоски на американскиот пазар

јуни 2, 2016

Романот „Алма Малер“ на охридскиот писател и драматург Сашо Димоски ќе биде издаден на американскиот пазар. Ова ќе биде почеток на соработката на Димоски со престижниот издавач Џон О’Брајан, основач на великанот „Далки Аркајв прес“ – една од најреномираните издавачки куќи во Северна Америка. „Далки Аркајв Прес“ ќе ја издаде и „Антологија на македонскиот современ […]

Романот „Џимиринче“ од Милисав Савиќ на македонски јазик

април 20, 2016

Романот „Џимиринче“ на еден од водечките современи прозаисти во Србија, Милисав Савиќ, излезе од печат во издание на „Везилка 2011“, а со превод на Ристо Лазаров. – „Џимиринче“ е романескен приказ на времето на распаѓањето на СФРЈ и на раѓањето на мафијата во некогашната југословенска престолнина. Јунаците во романот се луѓе од периферијата, кои секавично влегуваат во светот […]

Страна 1 од 2