fbpx

МВР регистрирало 478 граѓани што не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава, полицајците регистрирале 478 прекршоци на мерката за задолжително носење маски, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од таму упатија апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Центарот за развој на Полошкиот регион лани потрошил 1.300.000 евра, најголем дел за урбанистички планови и машини за чистење

Милион и триста илјади евра, најмногу за урбанистички планови, тротоари и за машини за одржување чистота, потрошил лани за јавни набавки Центарот за развој на полошкиот плански регион. Според податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на Бирото за јавни набавки, Центарот лани...

165 нови случаи на ковид-19 во земјава, седум лица починаа и 128 оздравеа

Oд направени 1.454 тестирања во последното деноноќие, позитивни на ковид-19 се нови 165 лица во државата, информираат во Министерството за здравство. Најголем број од новозаразените граѓани се во Скопје - 71, а висок е бројот и во Тетово, каде што има 20 нови случаи. „Денеска...

Фирмите добиле 206 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие од годинава

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за шест проценти повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе, информираат од Министерство за финансии. Од таму соопштуваат...

Од денес субвенции за преку 5.000 домаќинства во Скопје за набавка на инвертери

Скопјани од денес ќе можат да аплицираат за добивање субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Град Скопје објави јавен повик за искористување на субвенции во износ до 1.000 евра во денарска противвредност за набавка на еколошки почист уред за затоплување. Повикот...

ЦИВИЛ: Социјалните мрежи и дел од медиумите и на овие избори се користат за ширење лажни вести и омраза

Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска одржа прес-конференција за да ги претстават нивните досегашни наоди од мониторингот на платеното политичко рекламирање и медиумското известување пред и за време на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 15 јули. Од тимот на ЦИВИЛ посочија дека...

Границите со Србија и Косово остануваат отворени

Комисијата за заразни болести денеска не разговарала за затворање на границите со Косово и Србија и нема препорака до Владата, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски при посетата на Чучер Сандево. – Ова не е прашање на политика, и затоа Владата не може да носи одлука...

Бесплатен скрининг на новинари и медиумски работници на ковид-19 во наредните денови

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за ковид-19. „Во последниот период новинарите и медиумските работници кои известуваат на терен за активностите на учесниците во предвремените парламентарни избори,...

Во функција се тестовите за брза дијагностика на ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на корона вирусот се распределени и истите почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Универзитетската клиника за гинекологија и...

ССНМ: Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

Четворица медиумски работници останале без работа во најголемиот пик на пандемијата, покажува истражувањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, направено во текот на јуни на репрезентативни 150 испитаници - вработени во различни медиуми во земјава. Освен грижата за егзистенцијата, промените што ги донесе...

Владата ги објави протоколите за работа на културни установи и организирање настани

Со цел спречување на ширењето на корона вирусот, Владата ги усвои протоколите за работа на библиотеки, музеи, галерии и изложбени простори. За сите нив и понатаму важи задолжително носење на заштитна маска, одржување на потребното физичко растојание, обезбедување честа дезинфекција на рацете при влез...

Жбогар со поддршка за исполнувањето на препораките на УНЕСКО во Охридскиот регион

Активностите за соодветно уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во насока на исполнување на препораките од УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион наиде на поддршка и од Амбасадорот на ЕУ во земјава Семјуел Жбогар. За време на вчерашната посета...

Авионите за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување вежбаа над Охрид (галерија)

Специјалните авиони за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување вежбаа над Охридско Езеро. Се тренираа различни начини на фрлање на вода и ниско летање над водени површини нешто што е многу тешко во авијацијата, а беа испробувани и други техники над езерото. Станува...

За три дена десет новозаразени лица од ковид-19 во Свети Николе

Присуството на вирусот во текстилните фабрики во Штип нагло го зголеми бројот на заболени од ковид-19 во Свети Николе. Од оваа помала општина секој ден транзитираат автобуси со работници во штипските текстилни компании, меѓу кои и во две поголеми, каде има регистриран десетина заболени...

Енергетските задруги ќе им овозможат на граѓаните да произведуваат еколошка струја

Во Македонија сè уште нема ниту една енергетска задруга. Концептот на здружување на граѓани или јавни институции од една локална заедница заради остварување на заедничка цел, во случајот производство на енергија од обновливи извори, во развиените западноеверопски земји одамна е реалност. Веќе неколку години...

Сто дена тренинг во два метра базен: Како Ева од Скопје се прилагоди на новите услови (видео + галерија)

Настанатата ситуација поради ковид-19 пандемијата најмалку ги штедеше индивидуалните спортови. Oвој период е голем предизвик за пливачите, кои поради затварањето на базените беа принудени да ги паузират нивните вежби или да најдат начин во домашни услови да останат во форма. https://youtu.be/o60FUsfPeGk Принудена за да паузира со...

ДУИ со претставка до ААВМУ, Агенцијата бара баланс во дебатните емисии на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера добила претставка од политичката партија ДУИ, во која таа реагира на организирањето дебатни емисии на програмите на медиумите. Агенцијата веднаш направила увид во податоците од мониторингот на досегашното изборно медиумско претставување, при што упати апел...

Според анкетата на НДИ, коалицијата СДСМ и Беса има предност од 3,6% пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Новата анкета за испитување на јавното мислење во Северна Македонија на Националниот демократски институт (НДИ) спроведена пред официјалниот почеток на кампањата за парламентарните избори на 15 јули покажува дека владејачката коалиција на СДСМ и Движењето Беса има минимална предност од 3,6 проценти пред коалицијата...

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучи дали ќе има режим со границите на Косово и Србија

Министерството за здравство информира дека, имајќи го предвид развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји. „Комисијата...

Османи го „врати во игра“ пописот, очекува да се спроведе по завршување на изборите

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција го врати пописот „во игра“ од страна на политичките партии, но по завршување на изборите. - Добро е да биде постигнат целосен консензус за Законот за попис и да се пристапи кон негова подготовка веднаш по...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...