Сто дена тренинг во два метра базен: Како Ева од Скопје се прилагоди на новите услови (видео + галерија)

Ева во својот двометарски базен во дворот | Фото: Арбнора Мемети

Настанатата ситуација поради ковид-19 пандемијата најмалку ги штедеше индивидуалните спортови. Oвој период е голем предизвик за пливачите, кои поради затварањето на базените беа принудени да ги паузират нивните вежби или да најдат начин во домашни услови да останат во форма.

Принудена за да паузира со вежбите беше и Ева Барамачева, пливачка од Скопје, која на почетокот на годината му се врати на пливањето после три години, но нејзините напори да се врати во фома траеле само три месеци.

Автор: Арбнора Мемети

1. Затворање на базените

Подготовка за тренинг, Ева Барамачева | Фото: Арбнора Мемети

Од моментот кога се затворија базените во март, Ева накратко ги прекинала тренинзите, додека со нејзиниот тренер Александар Маленко се обидувала да најде начин да остане во форма

2. Вежби „на суво“

Подготовка за тренинг, Ева Барамачева | Фото: Арбнора Мемети

По 11 дена принудна пауза од пливање, нашле решение. Ева повторно му се врати на пливањето но овој пат дома, во двометарски базен во нејзиниот двор. Прво вежба на суво, а потоа со помош на еласичнно јаже, поради ограничениот простор, плива во место

3. И на ветер, и на дожд, и на снег

Подготовка за тренинг, Ева Барамачева | Фото: Арбнора Мемети

Околу 100 дена Ева вежбаше во секакви временски услови, на ветар, дожд и за време на доцниот снег во април

4. Тешко е човек да се навикне

Тренигот на Ева Барамачева | Фото: Арбнора Мемети

Во разговор за Мета.мк, Ема вели дека на почеток ѝ било многу тешко да се навикне на новото нормално, но воедно е многу среќна за најденото решение

Ева во својот двометарски базен во дворот | Фото: Арбнора Мемети

5. Потоа сè беше океј

Тренигот на Ева Барамачева | Фото: Арбнора Мемети

„На почеток ми беше чудно, и доста тешко за да се навикнам во малово просторче. Пливав и на снег и на дожд, ама воедно бев многу среќна што најдовме решение заедно со тренерот иако ни требаше повеќе од десет дена за да го смислиме ова. Потоа сè беше океј“, вели Ева низ смеа.

6. Спас во малиот базен

Ева во својот двометарски базен во дворот | Фото: Арбнора Мемети

Додава дека три години паузирала од пливањето. „Почнав да пливам заедно со тренерот почеток на јануари и мислам дека ако не го најдовме ова решение немаше да можам да продолжам да пливам и да се вратам во форма”, вели Ева Барамачева

7. Упорноста се исплати

Ева во базенот каде околу 100 дена секојдневно ја одржуваше формата | Фото: Арбнора Мемети

Упорен за да ги продолжи вежбите и покрај тешкотиите со кои се соочиле цел овој период бил нејзиниот тренер

8. На крстопат

Ева во својот двометарски базен во дворот | Фото: Арбнора Мемети

„Од моментот кога се случи пандемијата буквално се наоѓавме во еден крстопат, за тоа што не смее да случи пауза во тренинзите“, вели Александар Маленко

9. Претешко, но напорот вреди

Ева Барамачева заедно со својот тренер Александар Маленко | Фото: Арбнора Мемети

Тој додава дека пливањето во ваков мал базен со помош на еластично јаже е претешко

10. Назад во стариот базен, но со нов протокол

Ева во својот двометарски базен во дворот | Фото: Арбнора Мемети

По три месеци пливање во малиот базен во дворот, Ева и другите пливачи се вратија во стандардните базени и се адаптират на новите протоколи

11. Подобро е од дома

Ева пред почетокот на тренингот | Фото: Арбнора Мемети

„Многу сум среќна што веќе се вративме на регуларни тренинзи, има нови протоколи, носиме маска пред тренинг но сепак е подобро отколку дома“ завршува Ева