fbpx

Објектот на базенот во Чаир од над 2.700 квадрати даден на две фирми за закуп од 550 евра

Општина Чаир не може да го реализира нејзиното ветување за изградба на базен во поранешниот објект на базенот во Чаир, бидејќи имаат активни договори со две фирми, едниот до 2035-та година, другиот до 2049 година. Двете фирми го зеле под закуп објектот со вкупна површина од над 2.700 метри квадратни, за 550 евра месечно, пишува Порталб

-

Општина Чаир не може да го реализира нејзиното ветување за изградба на базен во поранешниот објект на базенот во Чаир, бидејќи имаат активни договори со две фирми, едниот до 2035-та година, другиот до 2049 година. Двете фирми го зеле под закуп објектот со вкупна површина од над 2.700 метри квадратни, за 550 евра месечно. Владата, без да верификува дека објектот е даден под закуп од страна на ЈП за стопанисување со спортски објекти, со одлука, го одзела од јавното претпријатие и го дала на користење на Општина Чаир. Општината сега бара да се расчисти со приватните субјеити и потоа да го преземе во своја надлежност и да го изгради базенот. Од Владата, пак, молчат, пишува Порталб.мк.

 

Порталб.мк успеа да ги озбезбеди договорите меѓу ЈП за стопанисување со спортските објекти и двете фирми.

Еден од договорите е склучен во 2005 година и трае 30 години, односно до 2035 година, додека другиот е склучен во 2019 година со времетраење од 30 години, односно до 2049 година.

Просторот на објектот (вклучувајќи ги и подрумите и дворот) опфаќа вкупно 2.740 квадратни метри, додека за оваа површина, ЈП за стопанисување со спортските објекти во сопственост на РСМ, склучила договор за закуп во вкупен износ од 550 евра месечно.

Според документите, првиот договор е склучен во 2005 година меѓу ЈП за стопанисување со спортските објекти, преку генералниот директор Сами Бислими и Друштвото за производство, туризам и услуги МЕГА ЛТД ДОО импорт-експорт Скопје, со управител Мухамед Елези.

Вториот договор, пак, на ЈП за стопанисување со спортските објекти, преку в.д. директорот Шпенди Хајредини, е со фирмата ДТУ НОНЕ КОМЕРЦ ДОО импорт-експорт, чиј управител е Енес Реџепи.

Предмет на првиот договор е давање под закуп на магацинскиот простор на базенот Чаир во Скопје, на катастарска парцела 11905 со 550 метри квадратни плус 250 метри квадратни приземје, целиот простор на подрумот и дворниот простор што му припаѓа на објектот во сопственост на Република Македонија, со кој стопанисува ЈП за стопанисување со спортските објекти во сопственост на Република Северна Македонија.

Предмет на вториот договор, пак, е давање под закуп на објектот на базенот Чаир со подрумски простории и двор, со вкупна површина од 1940 квадратни метри.

Во двата договора, закупците имаат обврски да ги сервисираат обврските за потрошена електрична енергија, вода и ѓубрарина, а ако два месеца не платат закупнина, договорот еднострано може да се прекине предвреме.

Во договорот со МЕГА ЛТС ДОО импорт-експорт Скопје, приватниот субјект може да врши извесни градежни интервенции и да го адаптира просторот, но по писмена согласност од страна на закуподавачот, а сè што се инвестира треба да останува во доживотна сопственост на закуподавачот.

Во договорот со ДТУ НОНЕ КОМЕРЦ ДОО импорт-експорт, пак, јавното претпријатие го обврзува инвеститорот во рок од две години за започне со инвестиции (реконструкција, поделба, поправки и други инвестиции), и тоа во вредност од најмалку 200.000 евра, додека работите да се завршат во рок од 5 до 7 години.

Едностраното раскинување на договорите, предизвикува правни последици, односно страните можат да поведат постапка пред надлежен суд.

Кои се фирмите што имаат договори за закуп?

Субјектот ДТУ НОНЕ КОМЕРЦ ДОО импорт-експорт е формиран во 1992 година и актуелен сопственик е регистрирано лицето Намук Реџепи, додека претходно бил Енес Реџепи.

Субјектот е активен, но на веб страната Бизнисмрежа, нема даночна пријава во УЈП, па не можат да се видат приходите, трошоците и добивката на компанијата.

Фирмата е регистрирана на ул. „Евлија Челебија 15 Чаир Скопје“, а има „дејност посредништво при управување со хартии од вредност и договори за стоки“.

Од друга страна, фирмата МЕТА ЛТД со сопственик Мухамед Елези регистрирана е на ул. „Втора Македонска бригада“ број 1 во Скопје, и истата е неактивна и избришана од регистарот. Инаку, фирмата е основана во 2002 година.

Според Централниот регистар фирмата како дејност имала „трговија на мало во неспецијализирани продавници, главно со храна, пијалоци и цигари“.

Според нашите проверки, во 2019 година, на истата адреса, со истото име како затворената фирма, отворена е нова фирма, но овојпат со сопственичка по име Саранда Елези. Оваа фирма, за разлика од другата, се занимава со давање под кирија (лизинг) на автомобили и моторни возила од лесна категорија.

Субјектот продолжува да биде активен, но на веб-страната Бизнисмрежа нема податоци за приходите, трошоците и добивката на компанијата од 2018 година па наваму.

Порталб.мк контајтираше со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти со сопственост на РСМ, Зоран Исајловски, кој рече дека нема информации дека првата фирма е затворена, но потврди дека фирмата продолжува да ги сервисира обврските, односно закупнината.

Неофицијално, Порталб.мк дознава дека сопствениците на двете фирми се во семејна врска, додека користењето на просториите преку првичниот договор, со фирма која сега не постои, го овозможува членот 6 на договорот, кој му дозволува на закупувачот да го даде објектот под закуп на трет субјект.

„Закупувачот изнајмениот простор има право да го дава во подзакуп“, пишува во членот 6 на договорот.

Порталб и претходно пишуваше дека Општина Чаир, со одлука на Владата, од 30 јули 2021 година го зела на користење објектот каде што треба да изгради базен за жителите на општината. Меѓутоа, овој објект има два активни договори со различни субјекти кои имаат право на користење, едниот до 2035 година а другиот до 2049 година. Затоа општината бара да се поништат договорите бидејќи не може да преземе ниту активност.

 

Пишува: Суад Бајрами

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...