fbpx

165 нови случаи на ковид-19 во земјава, седум лица починаа и 128 оздравеа

-

Oд направени 1.454 тестирања во последното деноноќие, позитивни на ковид-19 се нови 165 лица во државата, информираат во Министерството за здравство. Најголем број од новозаразените граѓани се во Скопје – 71, а висок е бројот и во Тетово, каде што има 20 нови случаи.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти, а починати се седум лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г). Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71 и 79 години“, велат во министерството.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.787, бројката на оздравени пациенти е 2.876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата е 3.583.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Министерот за здрватво Венко Филипче, денеска изјави дека границите остануваат отворени додека не се добијат информации за епидемиолошката слика за земјите во регионот.

– Комисијата за заразни болести ја следи состојбата и засега границите остануваат отворени додека не се добијат потребните информации за епидемиолошката слика од соседните земји. Последните статистики насекаде во светот покажуваат дека пандемијата не спласнува, расте бројот на пациенти, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки има многу нови заразени. Имаме податоци за поголем број заразени и во околните земји. Утрово на Комисијата за заразни болести направивме една интензивна комуникација со претставници на здравствените институции и здравствените власти во сите околни земји со цел да ја согледаме вистинската епидемиолошка слика во целиот регион и дел од тие информации очекуваме да стигнат до крајот на денот – изјави Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...