fbpx

ССНМ: Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

-

Четворица медиумски работници останале без работа во најголемиот пик на пандемијата, покажува истражувањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, направено во текот на јуни на репрезентативни 150 испитаници – вработени во различни медиуми во земјава.

Освен грижата за егзистенцијата, промените што ги донесе корона вирусот се одразил и врз квалитетот на животот на новинарите. Дури 62 отсто од испитаниците новинари и медиумски работници одговориле дека овој начин на работа им влијае на менталното здравје. Ова се дел од заклучоците извлечени од истражувањето на ССНМ. Загрижува фактот што дури 30 отсто од анкетираните одговориле дека познаваат некој што останал без работа за време на корона пандемијата, а седумнаесет проценти од медиумските работници одговориле дека им била намалена платата.

“Заради интервју со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски бев казнет со 15 отсто од плата еден месец” ова е одговор на новинар кој бил казнет на своето работно место, поради сработеното.

Дваесет и два отсто од испитаниците одговориле дека нивните сопственици не им обезбедиле заштитна опрема, а на 45 проенти им е потребна дополнителна заштитна опрема и сега, но и во следниот период. Дури 48 отсто од новинарите и медиумските работници изјавиле дека им е потребна психолошка поддршка.

Најчестите одговори на испитаниците во врска со транспарентноста на институциите се дека во текот на ковид кризата голем дел од прашањата до институциите останувале неодговорени.

Целото истражување може да се погледне тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...