fbpx

ЦГК: Секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во која учествувала само една фирма

Во нетранспарентната постапка, со преговарање без претходно објавување оглас, во првото полугодие од 2023 година склучени се договори во вкупна вредност од околу 11 милиони евра. Дури 91 отсто од овие договори се склучени во преговори со само една фирма. Најголема вредност на овој вид договори има АД Електрани, покажало истражувањето на ЦГК

-

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по кои различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници. Во клучните наоди е наведено тоа дека секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во која учествувала само една фирма.

„Со вакво отсуство на конкуренција, склучени се договори во вкупна вредност од 283 милиони евра. Потоа, се намалува просечниот број на понуди во јавните набавки, кој во мониторираниот период падна на 2,8, наспроти 3, колку што изнесуваше во 2022 година. Отсуството на конкуренција е особено загрижувачко во здравството. Исто така, одлуките што се донесуваат при спроведувањето на јавните набавки не се соодветно и прецизно образложени што фрла сомнеж врз објективноста и законитоста на постапувањата. Ова главно се однесува на одлуките за отфрлање на доставените понуди и за поништување на тендерите“, наведено е во соопштението од ЦГК.

Во н аодите е нотирано дека во значаен дел од постапките не се утврдуваат количините на она што се набавува, со што, се оневозможува фирмите да понудат пониски цени за поголеми количини на набавка. Ова овозможува манипулација и злоупотреби во фазата на реализацијата на договорите.

„Во нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување оглас, во првото полугодие од 2023 година склучени се договори во вкупна вредност од околу 11 милиони евра. Дури 91 отсто од овие договори се склучени во преговори со само една фирма. Најголема вредност на овој вид договори има АД Електрани. Истражувањето на цените на тендерите за третман на кучиња покажува многу ниска конкуренција од само 1,5 понуда по тендер. За некои услуги, како што е „еднодневен престој на куче во прифатилиште“ највисоката цена е 244 отсто повисока од просечната, а за друга услуга „заловување, транспорт до амбуланта и враќање“, највисоката цена е за 12,5 пати повисока од најниската цена“, наведено е во соопштението на организацијата.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“,
што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...