Не е точно дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС

Не е првпат да се споделуваат шпекулации дека Мексико ќе се приклучи на БРИКС. Вакви непроверени информации се споделуваа и минатата година, по што мораше да реагира мексиканскиот претседател и да ги демантира

-

Тврдењето дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС во 2024 година е невистинито и беше демантирано дека има ваква одлука од властите во Мексико, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

На Фејсбук објава прикачена е фотографија од заедничка средба на лидерите на Мексико и Кина и напишан е текст кој тврди дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС во 2024 година. Ова не е точно.

Мексико сака да се приклучи на БРИКС во 2024 година

БРИКС е неформална група на држави која ја сочинуваат Федеративна Република Бразил, Руската Федерација, Република Индија, Народна Република Кина и Јужноафриканската Република. БРИКС е формиран со идеја да биде алтернатива на западните системи. Главните сфери на соработка се економијата, финансиите, политиката, безбедноста, културата… Земјите членки заеднички работат и на борбата против тероризмот, перењето пари, трговија со дрога, корупцијата.

Шефовите на држави и влади на земјите-членки се состануваат годишно при што секоја нација презема едногодишно ротирачко претседавање со групата.

Во август 2023 година, шест нови членови, вклучително и Аргентина, беа поканети да се приклучат на групата. Сепак, Аргентина одби да се приклучи на БРИКС кон крајот на декември, додека другите пет нации, Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Етиопија, станаа полноправни членки на БРИКС од 1 јануари 2024 година.

Откако Аргентина одби да се приклучи на БРИКС медиумскиот фокус се насочи на друга земја од Јужна Америка – Мексико.

Па така пред неколку дена, на социјалната мрежа X (поранешна Твитер), на профил кој што е именуван како BRICS, но не е официјален канал на неформалната група на држави, беше објавено дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС во 2024 година. Притоа на објавата е прикачена фотографија од средбата помеѓу претседателот на Кина, Си Џинпинг и претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор којашто се случила во ноември минатата година. Според соопштението од кинеската влада, на средбата воопшто не се разговарало за приклучување на Мексико во БРИКС, ниту пак, е спомнат БРИКС во соопштението како тема на разговор. Објавата на X е многу вирална и има над три милиони прегледи и илјадници споделувања.

Иста ваква објава, со истата фотографија и истиот текст е споделена и на нашите социјални мрежи. Но тврдењето дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС во 2024 година е невистинито и беше демантирано од властите во Мексико дека има ваква одлука.

Мексико не аплицираше за членство во БРИКС, но внимателно го следи неговиот развој, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Мексико не побара да биде примен во БРИКС. Мексико внимателно го следи развојот на асоцијацијата, имајќи ја предвид економската тежина на нејзините земји-членки и билатералните односи што нашата земја ги одржува со своите членки, напиша Министерството на својот профил X, коментирајќи ги медиумските објави дека земјата сака да се приклучи на БРИКС веќе оваа година.

Би сакале да забележиме дека таквите изјави се неосновани, додаваат од Министерството.

Не е првпат да се споделуваат шпекулации дека Мексико ќе се приклучи на БРИКС. Вакви непроверени информации се споделуваа и минатата година, по што мораше да реагира мексиканскиот претседател и да ги демантира.

Нема да учествуваме во овој блок, во оваа асоцијација. Се разбира, ние го славиме тоа што го прават и другите земји. Сепак, од причини на близина, геополитика, ќе продолжиме да го зајакнуваме сојузот со Северна Америка и со цела Америка“, рече тој во август минатата година.

Според сите набројани факти, заклучуваме дека не е точно дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС во 2024 година.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...