четврток, 12 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: ЦГК | 15 резултати

ЦГК: Секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во која учествувала само една фирма

12 март 2024

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по кои различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници. Во клучните наоди […]

ЦГК: Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција

21 септември 2022

Во втората половина на минатата година, за разлика од истиот период во годината претходно, односно во првата пандемиска година, за повеќе од половина пораснал бројот на нетранспарентни склучени јавни набавки, а за тоа најмногу „заслуги“ имале АД ЕСМ, МВР и МОН. Дополнително, речиси две третини од фирмите признале дека имало меѓусебни договарања за учествата во […]

ЦГК: Ризици од корупција при јавните набавки поврзани со ковид-19

10 март 2022

Во првата половина на 2021 година јавните набавки поврзани со ковид-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство каква што беше 2020, констатира Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во најновиот Извештај за јавните набавки за заштита од ковид-19 изработен врз основа на длабочинско следење […]

ЦГК анализа: И во кризната 2020, општините на тендери потрошиле 129 милиони евра, речиси исто колку и во претходната година

22 јуни 2021

Пораст на вредноста на набавките има кај Градот Скопје и кај 20 општини, додека намалување е евидентирано кај 61 општина. Најголем вредносен скок во однос на претходната година има Градот Скопје, од 10,3 милиони евра, потоа Општина Гостивар од 5 милиони евра и Аеродром од 2,7 милиони евра. Најголеми падови во вредноста на набавните има […]

ЦГК анализа: За експлоатација на минерални суровини државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно

13 април 2021

Концесија за користење минерални суровини во 2019 година имаат добиено вкупно 264 фирми, издадени се 358 вакви концесии, а површината на земјата која е опфатена со нив изнесува 349 километри квадратни, што е 1,4 отсто од вкупната територија на државата, покажува истражувањето и базата на податоци на доделени концесии за минерални суровини за 2019 година, […]

ЦГК: Повеќе од осум милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

18 февруари 2021

За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и […]

ЦГК: За новогодишното украсување општините потрошиле за 40 отсто помалку од лани

28 јануари 2021

Градот Скопје и 15 други општини низ земјава за новогодишно украсување за новата 2021 година потрошиле 405 илјади евра, од кои, само за украсувањето на Скопје се потрошени 298 илјади евра. Вкупните средства се за 40 отсто помалку во споредба со една година претходно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Украсувањето на Скопје […]

ЦГК: 30 најголеми државни претпријатија лани имале приход од 732 милиони евра, но слаба транспарентност и отчет

15 јануари 2021

Вкупниот приход на 30-те најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа за периодот од 2015 до 2019 година изнесуваат 45 милијарди денари (732 милиони евра), а во нив работеле вкупно 22.140 работници. Приходите се зголемиле за само 2 отсто, а просечната стапка на профитабилност кај нив во овој период изнесувала скромни 6 отсто. […]

ЦГК: Имаме 536 пожарникари помалку од законските потреби

17 февруари 2020

На 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат 536 пожарникари, за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Само четири од 30 единици имаат повеќе пожарникари од законскиот минимум (и тоа само по еден или двајца), додека шест единици имаат колку минимумот. Најмногу […]

ЦГК: Загрижувачки бројки кај тендерите на локално ниво на крајот на минатиот мандат

26 јуни 2018

Во периодот април – септември 2017, постапките за јавни набавки спроведени од институциите на локално ниво се одликуваат со загрижувачки параметри, соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), изнесувајќи ги резултатите од својот нов извештај. Според ЦГК, и во периодот на набљудување продолжила тенденцијата да се јавуваат помалку од три понудувачи на локалните тендери, што е […]

Истражување: Општините со пари предвидени за НВО, финансираат спортски клубови

4 мај 2017

Постојат индиции дека општините во Македонија, преку буџетската линија 463 наменета за финансирање на невладини организации, незаконски финансираат спортски клубови кои се регистрирани како акционерски друштва, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во рамки на проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“, спроведуван од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Резултатите од ова истражување, […]

Страна 1 од 1