fbpx

Нимиц: Бегалската криза го прави решавањето на проблемот со името неопходен

Бегалската криза треба да биде поттик за Македонија и Грција побрзо да најдат решение за името. Ова го порача специјалниот претставник на Обединетите Нации, медијаторот Метју Нимиц во интервју за грчката телевизија „Скај“, говорејќи за тоа како ако беше решен проблемот до сега двете...

Видеата од апсењето на Бошкоски исчезнаа од интернет

Видео-инсертите и текстовите од новинарските прилози за апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, исчезнаа од интернет-страниците на телевизиите кои тогаш сензационалистички известуваа за настанот пред ресторанот „Воденица“. Вчера тимот на Катица Јанева соопшти дека отворила истражна постапка под името „Тортура“ против 7 лица...

Совет за етика: „Вест“ манипулира и ја извртува вистината

Советот за етика во медиумите остро реагира на „тенденциозното известување“ на повеќе медиуми околу вчерашното обраќање на обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата организирана од Специјалното јавно обвинителство. Од Советот за етика велат дека особено ги осудуваат наводите на насловната страница во денешното издание на дневниот...

БИРН: 446 милиони евра субвенции за растително и сточарско производство

Државата исплатила 150 милиони евра субвенции за сточарско и 296 милиони евра за растително производство, во период од пет години од 2010 до 2014 година. Ова го покажуваат податоците на Балканската истражувачка мрежа (БИРН) која денеска ја промовираше базата на податоци за доделените субвенции во периодот...

Објавена фотографија од киднаперот на авионот

Киднаперот на авионот на компанијата „Египет Ер“ со околу 60 патници и членови на екипажот најверојатно не е терористички чин, туку зад него стојат лични мотиви, изјави претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес. Тој на прес-конференција соопшти дека мотивот на киднапирањето е поврзано со поранешната сопруга на киднаперот. - Киднапирањето...

Ослободени поголем дел од патниците од киднапираниот авион

Речиси сите патниците од киднапираниот египетски авион на „Египет Ер“ се ослободени, освен седумтемина членови на екипажот и четворица странци, јавуваат светските медиуми. Патнички авион беше киднапиран од засегна непознато лице, јавува „Би-би-си“. Киднаперот го принудил екипажот да го приземји авионот на аеродромот во Ларнака на јужниот брег од грчкиот...

Аневски: Јанева в среда да дојде и да објасни зошто го бара „Маѓар Телеком“

Членовите на Советот на јавни обвинители денеска на седница ги разгледувале барањата на Специјалната обвинителка Катица Јанева за преземање на предметот на „Маѓар Телеком“ и двата случаи со Зоран Верушевски и неговиот син и заклучиле дека Јанева мора да се појави пред Советот и...

Десковска: Го менуваат и законот за кривична постапка за да избегаат од одговорност за криминалот

Денеска пред почетокот на собраниската седница, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Јакимовска и Муса Ибраими од ДУИ, поднесоа предлог-закон за изменувања и дополнување на Законот на кривична простапка по скратена постапка со кои наместо 15 дена за приложување на докази за одбраната е предвидено тој рок...

ДИК со 374 анкетари ја почна теренската проверка на спорните гласачи

Теренската проверка на 89.383 спорни гласачи, почна денеска, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Од таму велат дека за тоа се задолжени 374 анкетари кои ќе ги посетуваат гласачите на адресите каде се регистрирани и ќе пополнуваат прашалник. На прашалниците се отпечатени имињата и...

Пакистан: 72 загинати во Лахорe, 29 се деца

Пакистан се разбуди во шок од самоубиствениот напад во Лахорe извршен на католички Велигден, во кој се убиени 72 лица, од кои 29 деца. Според последните полициски податоци, повеќето жртви се муслимани, додека талибанците кои ја презедоа одговорноста рекоа дека мета биле христијанското малцинство. Фракција...

Расте бројот на загинатите во Лахорe – мета на нападот биле христијаните

Бројот на загинатите во самоубиствениот бомбашки напад во близина на градскиот парк во пакистанскиот град Лахорe се искачи на 65 лица, јавуваат локалните медиуми. Бројот на повредените, според последните информации достигна 300. Сепак, властите проценуваат дека ќе растат бројките на загинатите и повредените. Експлозијата одекнала...

ДИК утре ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски денеска соопшти дека теренската проверка на спорните гласачи ќе почне утре и додаде дека материјалите за анкетирање се доставени до подрачните одделенија на Комисијата. - Во финална фаза сме на подготовка на теренските проверки. Од утринава се доставени...

Алтхаузер за „РСЕ“: Квалитетот на изборите е побитен од датумот

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер изјави дека квалитетот на изборите е побитен од датумот. Таа во интервјуто за „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) оцени дека времето до изборите е кратко и оти остануваат уште многу работа има да се заврши. - Квалитетот на изборите е...

ДИК ја одложи теренската проверка на спорните гласачи

Државната изборна комисија денеска го одложи почетокот на теренската проверка на Избирачкиот список, бидејќи целата процедура не била целосно завршена. Засега не се открива за кога е одложен почетокот на проверката. Според најавите ДИК од денеска па до 3 април требаше да врши теренска проверка...

Инциденти и демонстрации против бегалскиот камп кај Вериа

Расчистувањето на кампот кај Идомени се одвива бавно. Во текот на вчерашниот ден осум автобуси од Идомени пренесоа неколку стотина бегалци во бегалските центри во Верија и Катерини, но во кампот се уште остануваат речиси 12.000 луѓе. Околу 200-300 бегалците кои беа пренесени во Верија...

ДИК ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

Државната изборна комисија од денеска до 3 април ќе врши теренска проверка на 89.383 гласачи од Избирачкиот список, кои се покажале како спорни по вкрстената проверка. Како што соопштија од ДИК, заедно со проверката почна и информативната кампања „Отворени врати“. Од ДИК соопштија дека бришењето на...

Утре почнува летно сметање на времето

Летното сметање на времето во Европа ќе почне ноќеска, по полноќ кога часовниците треба да се поместат за еден час нанапред. Во два часот по полноќ, стрелките на часовниците треба да се променат за еден час напред , на три часот. Летното пресметување на времето во...

Ристовски: Нема пролонгирање, наставата завршува на 10 јуни

„Нема пролонгирање на учебната година, наставата завршува на 10 јуни“, изјави за „Мета“ заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, по информациите дека поради изборите за неколку дена подоцна е поместeно и екстерното тестирање. Имено, како што нè информираа наставници, екстерното тестирање годинава ќе почне...

Габер, Дарлишта, Старова и Мурати: Укинувањето на Законот за помилување е целосно неосновано

Уставните судии Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Гзиме Старова и Сали Мурати денеска излегоа со издвоено мислење за измените на Законот за помилување, кои Уставниот суд ги укина на 16 овој месец, со што на претседателот му се овозможи да помилува лица што се гонети или...

Грција подготвува нови 30.000 места за бегалците

Грчката влада планира да подготви уште 30.000 нови места за сместување на бегалците во следните 20 дена. Одлуката беше донесена на првиот состанок на владиниот Совет за бегалска и мигрантска политика за да се зголемат сместувачките капацитети и бројот на прифатни центри, за да се одговори...

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...