fbpx

ДИК утре ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

-

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски денеска соопшти дека теренската проверка на спорните гласачи ќе почне утре и додаде дека материјалите за анкетирање се доставени до подрачните одделенија на Комисијата.

– Во финална фаза сме на подготовка на теренските проверки. Од утринава се доставени сите материјали до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Вработените во подрачните одделенија, со помош на кадар кој е даден на помош од другите институции, напорно работи да го обработи материјалот, рече Чичаковски.

Тој додаде дека обуката за анкетарите е завршена и оти крајот на денот би требало да им биде доставен и материјалот за утрешната теренска проверка.

Чичаковски исто така рече дека ДИК прави напори за да се запазат законските рокови.

– Во однос на 124 илјади спорни гласачи кои се на привремена работа или престој во странство, ДИК има донесено одлука, во рамки на Комисијата, да се направат дополнителни консултации за да се види како да се постапува во однос на овие граѓани, рече Чичаковски.

Раководителката на подрачното одделение во Центар, Бојана Герасова рече дека подготовките течат интензивно и оти се работи на техничка обработка на доставените прашалници.

Герасова соопшти во општините Аеродром и Центар треба да проверат 6.700 спорни гласачи.
Доколку граѓаните не бидат дома за време на проверката, тие ќе бидат посетени уште еднаш, а ако и тогаш не бидат најдени, ќе им се достави известување да појдат во подрачното одделение на ДИК,

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...