вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: теренска проверка | 26 резултати

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекршуваат Договорот од Пржино

април 4, 2016

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови што треба да ги внесат податоците од теренската проверка на избирачкиот список во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија, обвини денеска Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација. – Министерката Арсовска-Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат […]

ДИК ќе ја послуша ДЗЛП, ама ќе ги обжали решенијата пред Управен суд

март 31, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница донесе одлука да постапи по двете решенија на Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), односно да го повлече од својата интернет-страница списокот со спорни 89.000 гласачи за теренска проверка, како и избирачкиот списокот со вкупниот број на гласачи. Истовремено, како што пренесува „Телма“, членовите на ДИК одлучиле […]

ВМРО-ДПМНЕ: На сите во Македонија им е јасно дека фантомски гласачи нема

март 29, 2016

Пукна и последниот балон на СДСМ. Се распрска како меур од сапуница големата лага со која СДСМ две години ги уценуваше граѓаните и ја држеше во заложништво цела држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски. „Денес на сите во Македонија им е јасна како ден една работа: нема „фантомски“ гласачи, освен ако СДСМ […]

Манчевски: ДИК да каже дали до 5 јуни ќе имаме веродостоен избирачки список

март 29, 2016

Со консензус ДИК констатираше дека има над 330.000 сомнителни гласачи. Тоа е најсериозна потврда дека последните неколку изборни циклуси во Македонија се нелегитимни, обвини денеска на прес-конференција, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. „Од овие 330.000 сомнителни гласачи, 124.000 не се проверуваат воопшто. До денес ДИК не даде образложение зошто овие гласачи не се проверуваат. ДИК […]

ДИК: Анкетарите во Чаир треба да проверат 17.000 спорни гласачи

март 28, 2016

На територија на општина Чаир, Бутел и Шуто Оризари анкетарите треба да проверат 17.000 записи со податоци за спорни гласачи. Повеќе од 11.000 спорни гласачи има во Куманово и Липковскиот регион, речиси 7.000 во Центар и Аеродром, во Карпош и Тетово по 6.000, а 4.000 има во Битола. На денешната седница на ДИК со 5 […]

ДИК утре ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

март 27, 2016

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски денеска соопшти дека теренската проверка на спорните гласачи ќе почне утре и додаде дека материјалите за анкетирање се доставени до подрачните одделенија на Комисијата. – Во финална фаза сме на подготовка на теренските проверки. Од утринава се доставени сите материјали до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Вработените […]

ДИК ќе расправа за објавување на спорните записи на сајтот на Комисија

март 27, 2016

Државната изборна комисија на првата наредна седница ќе се расправа за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет страницата на ДИК, заради транспарентност на процесот. Од ДИК исто така велат дека засилено се одвиваат подготовките за отпочнување на теренските проверки на спорните гласачи од Избирачкиот список. „Завршено е печатењето на материјалите неопходни за […]

ДИК ја одложи теренската проверка на спорните гласачи

март 26, 2016

Државната изборна комисија денеска го одложи почетокот на теренската проверка на Избирачкиот список, бидејќи целата процедура не била целосно завршена. Засега не се открива за кога е одложен почетокот на проверката. Според најавите ДИК од денеска па до 3 април требаше да врши теренска проверка на 89.383 гласачи, кои по вкрстената проверка од 10 државни […]

ДИК ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

март 26, 2016

Државната изборна комисија од денеска до 3 април ќе врши теренска проверка на 89.383 гласачи од Избирачкиот список, кои се покажале како спорни по вкрстената проверка. Како што соопштија од ДИК, заедно со проверката почна и информативната кампања „Отворени врати“. Од ДИК соопштија дека бришењето на податоците ќе се врши по три основи, односно на […]

Оер: Сега на ДИК ѝ претстои суштинска работа

март 24, 2016

Сега ѝ претстои суштинска работа на Државната изборна комисија (ДИК), затоа што кај нив треба да се спроведе најголемата работа, односно за еден месец пред одржувањето на изборите да се добие избирачки список што ќе биде стабилен и прочистен и во кој сите гласачи ќе имаат доверба, истакнала француската амбасадорка Лоренс Оер на отворениот ден […]

Контролорите на ДИК од денеска на обука

март 23, 2016

Вкупно 80 контролори, вработени во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, од денеска се на обука за спроведување на теренската проверка за прочистување на избирачкиот список. Обуката на контролорите што ќе ја надгледуваат работата на анкетарите се очекува да заврши за неколку дена, а од сабота тимот анкетари треба да почне со теренската проверка на сомнителните гласачи. […]

ДИК ја намали бројката за теренска проверка на 89.383 лица

март 22, 2016

Државната изборна комисија вечерва одлучи за 11.053 лица да го намали бројот на гласачи врз кои ќе се врши теренска проверка на избирачкиот список. По вечерашната седница, ДИК објави дека 89.383 запишани гласачи ќе подлежат на теренска проверка, иако пред тоа беше соопштено дека ќе бидат проверувани 100.436 лица. Намалувањето, како што велат од ДИК, се должи […]

Теренската проверка на спорните гласачи ќе почне до крајот на неделава

март 22, 2016

Најдоцна до крајот на неделава ќе почне теренската проверка на спорните гласачи во избирачкиот список. Вкупно ќе се проверуваат 100.436 записи (имиња, презимиња и адреси), а проверката ќе ја спроведат вкупно 374 овластени анкетари. Работата на анкетарите ќе ја контролираат раководителите на подрачните единици на ДИК. Теренските проверки ќе почнуваат наутро во 8.30 часот, а ќе […]

Членовите на ДИК од СДСМ ја напуштија седницата

март 19, 2016

Игор Милев и Виолета Дума, членови на Државната изборна комисија од СДСМ,  ја напуштија седницата на која се расправа колку од 310.000 гласачи теренски ќе се проверуваат, потврдија за „Мета“ од ДИК. Пред паузата, членовите на ДИК разговарале за гласачите што се иселени од државата, а се наоѓаат на избирачкиот список и можат да гласаат […]

Заев: Очекуваме теренска проверка на 200.000 спорни гласачи

март 18, 2016

Во Македонија може да има само фер, регуларни и демократски избори, порача денеска од Велес лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Заев рече дека фер, регуларни и демократски избори се можни само со целосно прочистување на избирачкиот список и со реформи во медиумите. Лидерот на опозицијата вели дека Социјалдемократскиот сојуз нема да дозволи некој да го опструира […]

ДИК: Бројките за спорните гласачи се само шпекулација

март 17, 2016

Сè додека членовите на Државната изборна комисија не го усвојат извештајот за резултатите од вкрстените проверки, сите бројки што се појавуваат во јавноста се на база на шпекулации – рече денеска на прес-конференција Љупка Гугучевска, советник во ДИК. Таа не сакаше да одговори на новинарски прашања дали бројката е иста или барем приближна на таа што се појавува […]

Уставниот суд ги доведе во прашање изборите на 5 јуни, сметаат граѓанските организации

март 17, 2016

Голем дел од активистите, граѓанските организации и опозициски партии сметаат дека вчерашната одлука на Уставниот суд, со која на претседателот му се даде можност да помилува лица гонети или осудени за изборен криминал, само го влошува теренот за фер и демократски избори. Велат дека со оваа одлука, судот им дава ветер во грб на сите […]

Се одложува теренската проверка на избирачкиот список

март 17, 2016

На денешниот состанок на Државната изборна комисија, членовите на комисијата одлучиле да спроведат дополнителни тестови за вкрстување на податоците, информираат од ДИК. „Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките“, […]

Денеска во ДИК продолжува анализата на вкрстената проверка на податоците

март 17, 2016

Анализата од вкрстената проверка на податоците од избирачкиот список и на базите со податоци од државните институции продолжува и денеска, најавуваат од Државната изборна комисија. Се очекува да се усвои извештајот за резултатите од вкрстената анализа и да се знае колку гласачи се јавуваат како спорни. Нема информации дали вчера причина за неусогласеноста на ставовите […]

Вкрстувањето заврши, теренската проверка на списокот – нов предизвик за ДИК

март 15, 2016

Вкрстувањето на податоците во избирачкиот список е завршено, а утре на седница на Државната изборна комисија треба да се презентираат податоците од ИТ-секторот и да се изгласа извештајот, информираат неофицијално од ДИК за „Мета“. Откако извештајот ќе биде изгласан, треба да се потврди методологијата според која ќе се врши теренската проверка. – Треба да се […]

Страна 1 од 2