fbpx

Уапсени уште четири лица по нападите во Брисел

-

Четири лица се уапсени за време на 13 рации на белгиската полицијата во Брисел и во уште два града, соопшти денеска белгиското федерално обвинителство.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека досега, во рамки на истрагата по бомбашките напади во Брисел, приведени се девет лица на испитување.

Обвинителството денеска подигна обвинение за учество во активности на терористичка организација против Абдераман А., кој во средата беше уапсен во бриселскиот кварт Шарбек.
Обвинетиот, кој за време на апсењето држел заложници и беше ранет во ногата, е поврзан со терористичките напади во Брисел, но и со организација која подготвувала напади во близина на Париз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...