fbpx

Видеата од апсењето на Бошкоски исчезнаа од интернет

-

Видео-инсертите и текстовите од новинарските прилози за апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, исчезнаа од интернет-страниците на телевизиите кои тогаш сензационалистички известуваа за настанот пред ресторанот „Воденица“.

Вчера тимот на Катица Јанева соопшти дека отворила истражна постапка под името „Тортура“ против 7 лица за употреба на прекумерна физичка сила, вулгарности и закани врз Бошкоски.

Со пребарување на интернет, насловите на овие написи се појавуваат, но кога ќе се кликне на нив тие водат или кон празни страници, или кон страници на кои се појавува одредена грешка која укажува дека содржината не постои, а во одредени случаи водат кон страници на кои се прикажани видео-материјали од денешни содржини, како на пример интернет-страницата на телевизија „Сител“.

Видео-снимките од апсењето на Бошкоски можат да се најдат на видео-сервисот „Јутјуб“. Дел од видео-клиповите се поставени на канали на приватни корисници. Единствено на видео-каналот на „Прес 24“ се уште е достапна снимката од апсењето, но не и на официјалната интерент-страница на порталот.

На видео-снимката на „Прес 24“ и на „Канал 5“ (на „Јутјуб“!) експлицитно е прикажно апсењето на Бошкоски, односно неговиот лик во ниту еден момент не е заматен.

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, вчера посочи дека за разлика од „Титаник“ каде осомничените со „беспрекорна дисциплина дејствувале во насока јавноста да не дознае за манипулациите во избирачкиот список, а со тоа и во изборите и во самото гласање“, во „Тортура“ тие биле „живо заинтересирани целокупната јавност да ја види бескруполозноста на дел од полициските сили – алфи, во изведување на апсење на политички противник на партијата на власт, и која во тој период раководи со полицијата“.

Јавна тајна е дека медиумските куќи, печатени и електронски, дента кога се апсеше Бошкоски добија дојава дека пред „Воденица“ ќе има голема акција. Во протечените прислушувани разговори ткн. бомби, поточно во третата „бомба“ има и индиции за директно договарање меѓу првообвинетиот и еден уредник и еден сопственик на медиум околу начинот на известување за апсењето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...