fbpx

Наумов: Во овој момент буџетот е пред финансиски колапс

-

На денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии не задолжи со нови 25,3 милиони евра. Министерот Ставрески запиша пет пати поголема сума од долгот што доспева за враќање. За враќање доспеваа само пет милиони евра по основ на тригодишна обврзница – се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов.

Тој предупредува дека буџетот во овој момент е пред финансиски колапс.

– Ако се има предвид дека се наоѓаме пред крај на месец, кога скоро сите месечни исплати од буџетот се реализирани, а би требало да бидат изразени приливите во буџетот, тогаш единствен заклучок кој се наметнува е дека во овој момент буџетот на РМ е пред финансиски колапс. Заклучно со февруари месец дефицитот изнесуваше 73 милиони евра или 23,5 отсто од планираниот дефицит за цела 2016 година. Ако се продолжи со оваа динамика, дефицитот до крајот на годината ќе изнесува повеќе од 420 милиони евра. Со тоа јавниот долг ќе се приближи до износот од 5 милијарди евра – вели Наумов.

Тој додава дека „тактизирањето на Управниот суд конечно да се изјасни по тужбата поднесена од него за задолжувањата на домашниот пазар, овозможи на товар на идните генерации да се запишат нови 70 милиони евра нето-долг од почетокот на годината.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...