Репортери без граници: МВР да ги истражи нападите кон „Вистиномер“

Сајбер нападите ја загрозуваат безбедноста на новинарите и правото на информации пред изборите на 8 мај. Врз основа на поднесената жалба, „Репортери без граници“ ја повикува македонската полиција да спроведе темелна и брза истрага“, објави организацијата на платформата X

-

Организацијата „Репортери без граници“ денеска преку социјалната платформа X (поранешно Твитер) изрази поддршка за новинарите и вработените во „Вистиномер“ и ја повика македонската полиција да спроведе истрага. Реакцијата следува откако на социјалните мрежи започнаа напади и закани врз новинарите на „Вистиномер“, од Фондацијата Метаморфозис, случаи кои не се евидентираат првпат.

„Kaмпањата за сајбер-малтретирањето на сервисот за проверка на факти „Вистиномер“, ја загрозува безбедноста на новинарите и правото на информации пред изборите на 8 мај. Врз основа на поднесената жалба, Репортери без граници ја повикува македонската полиција да спроведе темелна и брза истрага“, гласи реакцијата на платформата X.

На социјалните мрежи од неодамна започнаа напади во кои се тврди дека новинарите од порталот „Вистиномер“ вршат цензура на Фејсбук, односно дека ја ограничуваат слободата на говорот.

„Ова е типичен пример на ширење лаги и дезинформации, против што всушност и се бори нашата организација. Во 2023 Фондацијата „Метаморфозис“ доби судски спор во кој Судот јасно и недвосмислено пресуди дека во работата на „Вистиномер“ нема ништо што може да се окарактеризира како цензура или какво било нарушување на слободата на говор“, соопшти неодамна Фондацијата.

„Репортери без граници“ е меѓународна непрофитна организација управувана од принципите на демократско владеење, која го брани правото на секoj човек да има пристап до бесплатни и веродостојни информации. Основана е во 1985 година во Монпелје, од четворица новинари. Организацијата ја брани и промовира слободата на информирање.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...