вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: задолжувања | 15 резултати

Наумов: Државата да се откаже од сите задолжувања

13 септември 2016

„Денешното соопштение од Министерството за финансии дека, наводно, се откажале од ново задолжување, е срамен и неуспешен обид да се прикаже наводна грижа за стопанството. Вистината е дека денешната аукција на државни хартии не е откажана, туку во наредниот период од седум дена до наредната предвидена аукција не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори“, […]

СДСМ: Со новиот предлог-ребаланс на буџетот за владата барокот е пред граѓаните

20 август 2016

Наместо владата експресно да им излезе во пресрет на граѓаните обезбедувајќи ги потребните 33 милиони евра преку стопирање на крајно непотребната изградба на панорамското тркало и „Рајската градина“, како и пренамена на средствата во висина од 20 милиони евра веќе обезбедени од четвртата еврообврзница издадена кон крајот на 2015 година, таа скроила план за нови […]

СДСМ: Нов долг од 12,6 милиони евра на товар на граѓаните

6 јули 2016

Министерството за финансии денеска реализираше ново задолжување на товар на граѓаните во висина од 12,6 милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека иако првично Министерството за финансии побаруваше 5,4 милиони евра на домашниот пазар на капитал, сепак новото задолжување што го реализира е поголемо за 2,3 пати од првично […]

СДСМ: На аукцијата на државни записи мал одзив од банките

21 јуни 2016

„Министерството за финансии, на чело со новиот министер Кирил Миноски и со согласност од гувернерот Димитар Богов, го спроведе денешното задолжување на домашниот пазар, без да одговори со чиј потпис се задолжени граѓаните. Според информациите, постои резервираност на банките на денешната аукција на државни хартии од вредност“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него […]

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо незаконско во издавањето државни хартии од вредност

7 јуни 2016

Наместо да лаже и да манипулира, СДСМ треба на граѓаните да им објасни што е незаконско во издавањето државни хартии од вредност од страна на Министерството за финансии кога тие се предвидени со буџетот и гласани во Собранието, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската партија во врска со новото задолжување од 15,1 […]

СДСМ: Ставрески незаконски ги задолжи граѓаните за нови 15,1 милиони еврa

7 јуни 2016

Министерството за финансии на денешната аукција ги задолжи граѓаните за нови 15,1 милиони евра и покрај тоа што до следната аукција не доспеваат долгови за враќање, се вели во соопштението на СДСМ. Во него, исто така, се додава дека министерот за финансии Зоран Ставрески незаконски секоја недела го зголемува нелегитимниот долг на домашниот пазар на […]

СДСМ: Продолжуваат задолжувањата на товар на граѓаните

2 јуни 2016

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, без никакво објаснување, за следната недела побарува 11,5 милиони евра на три посебни аукции, иако нема планирано раздолжување потоа, се вели во соопштението што СДСМ денеска го испрати д медиумите. Во него се додава дека и Европскиот совет во својот последен извештај забележува дека забрзаното темпо на задолжување и нетранспарентноста на буџетските […]

Наумов: Во овој момент буџетот е пред финансиски колапс

29 март 2016

На денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии не задолжи со нови 25,3 милиони евра. Министерот Ставрески запиша пет пати поголема сума од долгот што доспева за враќање. За враќање доспеваа само пет милиони евра по основ на тригодишна обврзница – се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. […]

Наместо планираните 76, државата се задолжи со 81 милион евра

8 март 2016

Наместо првично планираните 75,76 милиони евра, државата се задолжи 81 милион евра кај домашните кредитори. За ова поголемо задолжување реагираше и дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов. – Заклучно со денешната аукција, нето-долгот од почетокот на годината е 60 милиони евра. Министерот Ставрески треба да им објасни на граѓаните која е основата за овие задолжувања. […]

Државата се задолжи 5,3 милиони евра

1 март 2016

На денешната аукција на хартии од вредност, државата се задолжи 5,3 милиони евра наместо колку што првично побара, 7,8 милиони евра. Врз основа на доспеани долгови, Министерството за финансии утре треба да врати 5,1 милиони евра во стопанството, а за една седмица на истата основа за враќање доспеваат повеќе од 2,7 милиони евра. Следната аукција ќе се одржи на осми март.

ТМ: Долгот постојано се зголемува и покрај предупредувањата да се намали

6 октомври 2015

„Транспарентност Македонија“ предупредува на неправилности, непочитување на процедурите и на добрите практики во спроведувањето на јавните политики и на трошењето на јавните пари во општеството. Во најновиот септемвриски билтен, предупредуваат дека јавниот сектор постојано го зголемува долгот, па во 2016 година, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ќе достигне 49 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), иако институцијата предупредува […]

Страна 1 од 1