сабота, 18 април, 2026
Meta.mk

Ознака: кире наумов | 68 резултати

Наумов бара усогласување на задолжувањата од ДХВ со буџетот на РМ

ноември 28, 2016

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, бара итно усогласување на издавањето државни хартии од вредност со буџетот на РМ. Тој бара свикување на итна седница на Владата за усогласување на максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност (ДХВ) за тековната година, кој е утврден со одлука на Владата на РМ, со буџетот за 2016 година. – Со актуелната одлука на […]

Опозицијата ги злоупотребува аукциите на државни записи за пропагандни цели

ноември 8, 2016

„Со пласирање невистини и полувистини во јавноста, опозицијата ги злоупотребува аукциите на државни хартии од вредност во пропагандни цели. Доказ за тоа е што и дополнителниот заменик-министер за финансии Наумов и одредени медиуми, во настојувањето да прикажат дека државата се задолжува, испуштија да споменат дека вчера во стопанството се вратени 12,2 милиони евра врз основа на […]

Наумов: Миноски ги задолжи граѓаните со 18 милиони евра

ноември 8, 2016

На денешното задолжување на домашниот пазар на капитал министерот за финансии, Кирил Миноски, иако побаруваше 12,1 милиони евра, ги задолжи граѓаните со нови 18 милиони евра, се вели во реакцијата од дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов, на денешното задолжување на државата. Во него се додава дека јавниот долг поради ова темпо на задолжување ги […]

Наумов: Јавниот долг и во ноември продолжува да се зголемува

ноември 4, 2016

„И покрај тоа што во периодот од 8 до 15 ноември, за кога е планирано ново задолжување на домашниот пазар на капитал, не доспеваат долгови за враќање, министерот за финансии на аукцијата на домашни хартии од вредност на 8 ноември побарува 12,2 милиони евра. Jавниот долг ќе го зголеми за нови 12,2 милиони евра“, се вели […]

Наумов: Kомпаниите сè уште функционираат без услови за работа во зоната во Визбегово

ноември 1, 2016

Претставниците на Здружeнието на стопанственици од индустриската зона во Визбегово го информирале дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за проблемите со кои се соочуваат компаниите што се дел од оваа зона, а во која не се достапни бенефициите што ги имаат компаниите лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони. – Неправедниот третман што го имаат стопанствениците од индустриската зона Визбегово е огледало […]

Ново задолжување од 61,3 милиони евра кај домашните банки

ноември 1, 2016

Државата денеска ќе се задолжи со 61,3 милиони евра кај домашните банки и осигурителни компании. Според Министерството за финансии, околу 10,5 милиони евра од вкупната сума се со рок на достасување од шест месеци, 39,9 милиони евра доспеваат за една година, 5,5 милиони евра за две години, а 5,7 милиони евра за 15 години. Врз основа на доспеани […]

Наумов: Јавниот долг ги надмина критичните 50 проценти од БДП

октомври 31, 2016

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50,6 проценти од домпашниот бруто-производ (БДП), се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. – За само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година, јавниот […]

Наумов – Хоџа: Компаниите со намалена ликвидност и тешко доаѓаат до поврат на ДДВ

октомври 26, 2016

„Извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка најмногу се однесува на законите во одредена држава и на тоа колкав напредок направиле при нивно донесување, а за реалната состојба во економијата најдобро можат да кажат бизнисмените. Светска банка, исто така, имаше извештај во кој беа нотирана намалувањето на приватните инвестиции и лошите перспективи за пораст и за […]

И Наумов се жали на опструкции: Од Финансии не ми даваат никакви документи и податоци

октомври 26, 2016

„Министерство за финансии продолжува со ист начин на работа како и претходно и во последниот месец, откако сум повторно на функција, немаме никаква соработка“, се пожали дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, на средбата со претседателот на Стопанска комора на Сојузот на Северозападна Македонија, Неби Хоџа. Тој додаде дека ниту еден документ што го побарал од […]

Наумов – Георгиева: Државата навреме да ги исполнува обврските кон приватниот сектор

октомври 25, 2016

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, се сретна со извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева. На средбата зборувале за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се во рамки на надлежностите на институции кои се поврзани со надлежностите на Министерството за финансии, како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа. – Беше […]

Министерство за финансии: Сумата што неделава се враќа во стопанството е 31 милион евра

октомври 18, 2016

„Сумата што Министерството за финансии ја враќа во стопанството неделава врз основа на државни хартии од вредност изнесува 1,915 милијарди денари. На денешната аукција запишани се 1,959 милијарди денари, иако дополнителниот заменик-министер за финансии Наумов во своето соопштение до јавноста вчера тврдеше дека таа сума е за 17 пати повисока од сумата што се враќа во стопанството“, се […]

Наумов се сретна со претседателката на ССК, Арсовска

октомври 18, 2016

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска се сретна со претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. На средбата се зборувало за актуелните состојби во стопанството и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки на Сојузот на стопански комори на Македонија. Наумов бил информиран за проблемите со кои се соочуваат компаниите, […]

Наумов: За седум дена Миноски го зголеми јавниот долг за 12,7 милиони евра

октомври 18, 2016

Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12,7 милиони евра, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, по повод денешното задолжување од 31 милион евра. – Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со 1,8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на […]

Државата денеска ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар

октомври 18, 2016

На аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар. На домашните кредитори ќе им бидат понудени едногодишни и двегодишни државни обврзници. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во однос на оваа аукција смета дека се побаруваат 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Забавувањето на економскиот пораст е последица на кризата создадена од Заев

септември 27, 2016

Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека забавувањето на економскиот пораст, странските инвестиции, а со тоа и зголемувањето на буџетскиот дефицит за да се задржи порастот, се директна последица на политичката криза, која во Македонија ја создадоа аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на дополнителниот-заменик министер за […]

Наумов: Извештајот на Светска банка е загрижувачки

септември 27, 2016

Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансиии, Кире Наумов, за извештајот на Светска банка што денеска беше презентиран. Според него, начинот на кој владее актуелната власт, преку задолжувања, негативно се одразува на економијата. – Светска банка во […]

Министерство за финансии ќе го достави новиот буџет до Владата

септември 16, 2016

Министерство за финансии ќе го достави буџетот за 2017 година до Влада денеска или во понеделник, најавил министерот за финансии Кирил Миновски во телевизиска дебата на која гостувал заедно со дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов. Од Министерство за финансии се уште официјално не ја потврдуваат оваа информација. Информацијата дека е можно вадата да предложи да […]

МФ: Oпозицијата e против редовните фискални инструменти

септември 13, 2016

И во случај Министерството за финансии да ги откаже сите аукции на државни хартии од вредност до крајот на годината, што би предизвикало нарушување на финансискиот пазар во земјава, опозицијата сигурно би барала друг начин да прикаже дека државата се презадолжува, се вели во реакцијата на Министерство за финансии по повод соопштението на дополнителниот заменик-министер […]

Наумов: Државата да се откаже од сите задолжувања

септември 13, 2016

„Денешното соопштение од Министерството за финансии дека, наводно, се откажале од ново задолжување, е срамен и неуспешен обид да се прикаже наводна грижа за стопанството. Вистината е дека денешната аукција на државни хартии не е откажана, туку во наредниот период од седум дена до наредната предвидена аукција не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори“, […]

МФ: Денешната аукција на државни записи е согласно календарот на аукции

септември 6, 2016

Во однос на соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за денешното задолжување, Министерството за финансии информира дека денешната аукција на државни записи е во согласност со календарот на аукции за државни хартии од вредност. – Средствата кои се јавуваат како разлика помеѓу побараните на проспектот и реализираните со аукцијата ќе останат како депозит […]

Страна 1 од 4