fbpx

Нимиц: Бегалската криза го прави решавањето на проблемот со името неопходен

-

Бегалската криза треба да биде поттик за Македонија и Грција побрзо да најдат решение за името. Ова го порача специјалниот претставник на Обединетите Нации, медијаторот Метју Нимиц во интервју за грчката телевизија „Скај“, говорејќи за тоа како ако беше решен проблемот до сега двете држави веројатно ќе имаа многу полесна соработка околу кризата со бегалците и мигрантите на Балканот.

– Од една страна ова прашање го одзема целото внимание на лидерите во секоја земја, го одзема фокусот од спорот за името, но во посуштинска смисла мигрантското прашање, прашањето за границите и огромните обврски кои ги имаат двете држави за оваа тема го прави решавањето на спорот за името уште понеопходно. Ако замислите ситуација каде спорот за името е решен, двете држави би имале многу подобра врска, Поранешната југословенска република Македонија да беше во процес на пристапување кон ЕУ, или во ЕУ или можеби во НАТО, соработката и координацијата ќе беа многу полесни. Затоа сметам дека мигрантското прашање заедно со други теми во регионот како тероризмот го прават решавањето на проблемот уште поважно – истакна Нимиц.

Поради бегалската криза, но и внатрешните проблеми со кои се соочуваат и Грција и Македонија, Нимиц посочи дека во преговорите има голема пауза. Не го криеше разочарувањето дека лидерите од двете страни овој период не обрнуваат доволно внимание кон преговорите за името. Независно од зафатеноста на двете страни со други прашања, Нимиц истакна дека е во редовна комуникација со преговарачите, но и со други кои се заинтересирани да помогнат во преговорите.

– Во овој момент имаме период на неактивност и мислам дека процесот мора да се реактивира. Меѓутоа најдоброто време не е сега во моментот, туку за неколку месеци, по изборите и откако ќе се избере нова влада во Поранешната југословенска република Македонија – истакна медијаторот.

Нимиц ги оцени како разочарувачки јавните изјави на политичарите од двете страни во кои се изразуваат построги ставови, како изјавите од македонска страна дека нема да се прифати друго име освен уставното име. Според Нимиц јавните изјави се едно, а сосема друго и вистинскиот тест за тоа што може да се постигне кога двете страни ќе седнат на преговарачката маса во обид да се најде решение.

– Јавните изјави ги имаме веќе 20 години и ќе продолжиме да ги имаме , но вистинскиот тест ќе бидат сериозните преговори. Тоа е единствениот начин да се најде решение и да постигнеме напредок – додава Нимиц.

Медијаторот изрази надеж и увереност дека Македонија ќе го заврши предизборниот процес со фер и одлучни избори и ќе успее да формира нова влада. Штом ќе има нова влада во Македонија, тој смета дека двете страни ќе треба да се сретнат со него и со други заинтетесирани страни и да се обидат сериозно да преговараат за да се најде конечно решение за спорот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...