среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: името | 60 резултати

Германската влада повика политичките сили во двете земји да ја поддржат спогодбата

јуни 18, 2018

Германската Влада ја поздрави спогодбата помеѓу Атина и Скопје и апелира политичките сили од двете земји да ја поддржат. Според портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, спогодбата дава доза оптимизам, но загриженост предизвикуваат насилствата за време на протестите во Скопје против договорот, пренесува АНА-МПА. За германската Влада, спогодбата е важен чекор напред за двете земји […]

Ципрас: Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци

јуни 14, 2018

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ вчера порача дека со новата спогодба, Грција не може да го забрани правото на жителите на Република Македонија да се самоопределуваат, јави дописничката на МИА од Атина. – Во договорот постои решение за државјанството, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите […]

Римокатоличкиот Апостолски егзархат стана бискупија без „Македонија“ во името

мај 31, 2018

Папата Франциско го воздигнал во бискупија под наслов „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“ досегашниот Апостолски егзархат во Македонија, воспоставен во 2001 година, јави МИА. Веста за чинот на воздигнувањето е објавена денеска напладне во Ватикан, како и во Македонија од апостолскиот нунциј, монсињор Анселмо Гвидо Пекорари. Во името на бискупијата, за разлика […]

Лидерска средба за името денеска во 13 часот

мај 19, 2018

Премиерот Зоран Заев за денеска во 13 часот во Клубот на пратеници во Скопје најави дека ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија. На средбата, како што рече, очекува да се изгради консензус за ова прашање. […]

Заев: Можно решение за името при отворањето на Уставот за влез во ЕУ

април 29, 2018

Премиерот Зоран Заев смета дека е можно конечното решение на спорот со Грција околу нашето име да биде врзано влезот на Македонија во ЕУ. – Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и […]

Нимиц, Димитров и Коѕиас денеска се среќаваат во Виена

април 25, 2018

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас денеска во Виена ќе се сретнат со Метју Нимиц, посредникот во преговорите за името под покровителство на ОН. Како што соопштија од седиштето на ОН во Њујорк, Нимиц ќе им „асистира на двете страни во изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето […]

Воена база во Македонија побарал Ердоган од Заев, тврди Теодоракис

март 22, 2018

Лидерот на центристичката, социјално-либерална грчка партија Река, Ставрос Теодоракис, во емисијата „Сега“ на грчки „Скај“ изјави дека „Таип Ердоган му побарал на Зоран Заев да Турција отвори воена база“ како контра услуга за поддршката и помошта што земјата би ѝ ја давала на Македонија, пренесува десничарскиот грчки „Елефтерос типос“. И Грција и Турција се членки на НАТО, но […]

Заев: Недозволиви се закани, омаловажувања и сеење страв пред домовите на пратениците

март 19, 2018

Премиерот Зоран Заев смета дека со протестите што се организираат пред домовите на пратениците се вршат неколку кривични дела и тој лично ќе ги заштити нивните деца, врз кои демонстрантите сеат страв и терор. Заев ова го изјави пред Основниот суд Скопје 1, по одржувањето на денешното рочиште за случајот „Поткуп“. – Протестите се уставно […]

Коѕиас ѝ го претставил подновениот договор на владата, следната недела слетува во Скопје

март 8, 2018

Според грчките медиуми, шефот на дипломатијата Коѕиас, на вонредна владина седница ја преставил грчката верзија на нацрт-договорот околу проблемот со името, во кој наводно, се додаден и нови елементи. Според последните информации, можно е Коѕиас со документот да допатува во Скопје кон средината на следната недела. За сега, наспроти минатите искуства, содржината на договорот, се […]

Грците незадоволни дека Меркел го нарекла Заев „македонски премиер“

февруари 21, 2018

Грчките медиуми средбата Меркел – Заев денеска во Берлин ја забележаа главно по изјавата на канцеларката дека има посилна енергија во преговорите, но и по тоа дека Меркел го поздравила гостинот со зборовите „му посакувам добредојде на македонскиот премиер“. Електронското издание на весникот „Прото тема“ токму оваа изјава на Меркел ја вади во наслов. Инаку, […]

Како една гротескна фотомонтажа предизвика недоразбирања кај македонските медиуми

февруари 6, 2018

Страшните грчки летоци, кои на прв поглед содржат говор на омраза, дискриминација и потпалуваат тензии, испаднаа мајтап, кој користи намерно изнасилени слогани и цртежи за да привлече внимание и испрати порака. Проблем настана кога медиумите во земјава не проверија за што точно станува збор, а од друга страна, пак, ни авторите на постерите не размислија дали можеби не […]

И Али Ахмети на лидерската средба за името

јануари 24, 2018

На лидерската средба, в сабота во Клубот на пратениците во Скопје, на која претседателите на најголемите политички партии ќе разговараат за рамката за решението на спорот со името, кој нашата држава го има со Грција, ќе учествува и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, потврди за „Мета“ Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на партијата. […]

Столтенберг: Прво името, па потоа покана за НАТО

јануари 18, 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интерјуто за МИА вели дека има две главни пораки за време на посетата на Скопје – НАТО останува посветен на поддршката на Македонија на патот кон членството во алијансата и не охрабрува да продолжиме со спроведувањето на реформите, кои ќе го зајакнат владеењето на правото и демократските институции. За […]

Новиот предлог на Нимиц е комбинација на старите идеи

јануари 17, 2018

Посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц, денеска во седиштето на ОН, по средбата со македонскиот и грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, најави дека на повидок е решение за спорот за името, со што ќе се стави крај на 27 годишниот спор меѓу Грција и Македонија. – Имам големи надежи дека […]

Каменос бара референдум во Грција за името

јануари 14, 2018

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, во неговата колумна за неделното издание на весникот „Димократиа“ порачува дека во Грција ќе мора да се одржи референдум за „новото име на северниот сосед“. „Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на истријата и културата на друг народ“, пишува Каменос […]

Димитров: Го охрабривме Нимиц в среда да излезе со првичен предлог за името

јануари 13, 2018

Министерот за надворешни работи Никола Димитров велии дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц бил поттикнат од македонската страна да излезе со првична рамка уште следната недела. – Сè уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц […]

Коѕиас: Прашањето за името треба да биде решено во 2018 година

ноември 5, 2017

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, за грчкиот весник „Катимерини“, изјави дека владата има намера да го реши спорот за името со Македонија. Тој вели дека националната рана, која е отворена пред 26 години, треба да биде излекувана до 2018 година, пишува „Катимерини“. – Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на […]

Димитров: Преговорите со Грција дефинитивно ќе почнат до крајот на годинава

септември 8, 2017

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Дојче веле“ дадено при неговата посета на Германија, изразува силна увереност дека преговорите со Грција за спорот околу името, кои подолго време беа во застој, ќе продолжат до крајот на годинава. – За време на посетата на грчкиот министер Никос Коѕиас, минатата среда во Скопје, ги […]

Османи почнува редовни консултации со амбасадорите од Западен Балкан

август 15, 2017

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ја одржа првата средба со амбасадори на земјите од Западен Бакан, која, како што рече е увод во постојани координативни средби. Во средбата во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) учествувале претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и на Црна Гора. На средбата се разговарало за регионалната […]

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема полза од тоа што Димитров жали за изјавата на Дачиќ

јули 12, 2017

Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име, порача ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. Партијата ја обвини новата власт дека работи против интересите на Македонија. „Катастрофалната меѓународна политика на Заев и […]

Страна 1 од 3