fbpx

Пакистан: 72 загинати во Лахорe, 29 се деца

-

Пакистан се разбуди во шок од самоубиствениот напад во Лахорe извршен на католички Велигден, во кој се убиени 72 лица, од кои 29 деца. Според последните полициски податоци, повеќето жртви се муслимани, додека талибанците кои ја презедоа одговорноста рекоа дека мета биле христијанското малцинство.

Фракција на пакистанските талибанци ја презеде одговорноста за нападот извршен на влезот на паркот Гулшан ел Икбал, во близина на детските лулашки.

– Мета на нападот беа христијаните. Сакаме да испратиме порака до премиерот Назав Шариф дека влеговме во Лахорe. Тој може да прави што сака, но нема да не запре. Нашите бомбаши-самоубијци ќе продолжат со нападите – рече портпаролот на фракцијата Џамат-ул-Ахрар, Ехсанулах Ехсан.

Состојбата во паркот и денеска е хаотична. Бројни семејства ги бараат своите исчезнати членови. Во покраината Панџаб, во кој Лахор е главен град, е прогласена тридневна жалост.

Ова е нов напад на деца во Пакистан, кој се уште е трауматизиран од нападот на талибанците на училиште во Пешавар во декември 2014 година, во кој загинаа 154 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Правото на глас денес ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата. Според Државната изборна комисија, за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни...