fbpx

БИРН: 446 милиони евра субвенции за растително и сточарско производство

-

Државата исплатила 150 милиони евра субвенции за сточарско и 296 милиони евра за растително производство, во период од пет години од 2010 до 2014 година.

Ова го покажуваат податоците на Балканската истражувачка мрежа (БИРН) која денеска ја промовираше базата на податоци за доделените субвенции во периодот од 2010 до 2014 година во растително и сточарско производство.

Поголемиот дел од средствата, односно 83 отсто од вкупниот буџет доделен за субвенции е исплатен на физички лица, или нешто повеќе од 370 милиони евра. Учеството на правните лица во буџетот за субвенции на овие две мерки е 17 отсто или околу 75,7 милиоини евра.

Трендот низ годините покажува дека, субвенционирањето на земјоделците се зголемува, а на фирмите се намалува.

„Пелагонија“, Винарската визба „Повардарие“, АД „Вардар“ и Министерството за земјоделство водостопанство и шумарство се првите четири правни субјекти кои добиваат најголем дел од субвенциите.

– На прашањето зошто тие се на листата на правни субјекти кои земале субвенции, од Министерство за земјоделство одговорија дека станува збор за пребивање на долгови со земјоделците. Исто така она што може да се забележи е дека најголем дел од субвенциите се исплаќаат за време на избори. Интересно е и тоа што компаниите кои добиваат најголеми субвенции исто така имаат и сметки во странство  – изјави Александар Димитриевски кој го правел истражувањето.

Според професорот на земјоделски факултет Јован Аждерски, ефектот од овие субвенции речиси и да нема, иако треба време за да се почувствуваат.

– Ниските цени, лошата даночна политика, отсуството на навика за осигурување се исто така дел од економската политика во земјоделството кои не се опфатени. Ефектите се гледаат низ подобрување на квалитетот, цената, технолошките процеси при производство, а да бидеме искрени ниту јадеме поевтина храна, а прашање е колку е квалитетна – додава Аждерски.

Според него, впечатливо е и тоа што едно име на физичко лице се повторува повеќе пати при добививање на субвенции.

Во оваа база на БИРН се евидентирани 2.480 правни субјекти и 53 мерки за поддршка. Базата нуди детален преглед за сите субвенции доделени на физички лица како посебна категорија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...