fbpx

Инциденти и демонстрации против бегалскиот камп кај Вериа

-

Расчистувањето на кампот кај Идомени се одвива бавно. Во текот на вчерашниот ден осум автобуси од Идомени пренесоа неколку стотина бегалци во бегалските центри во Верија и Катерини, но во кампот се уште остануваат речиси 12.000 луѓе.

Околу 200-300 бегалците кои беа пренесени во Верија ги дочека гневен протест од жителите во Верија и околните села. Првиот автобус кој замина од Идомени на самиот влез во Верија беше блокиран од протестот на околу стотина жители на Верија. Откако го пропуштија да помине го следеа се до влезот на старата касарна која е пренаменета во бегалски центар. Демонстрантите извикуваа навредливи зборови за бегалците, а само што помина автобусот фрлија и свински глави пред влезот на центарот.

Според информациите од медиумите во Верија, меѓу демонстрантите имало и членови на Златна зора, а во скандирањето се слушало и пеење на химната на ултра-десничарската партија. Во протестот за малку беше избегнат инцидент со пратеник од СИРИЗА. Демонстрантите почнаа вербално да го напаѓаат пратеникот на СИРИЗА, Јоргос Урсузидис кој беше присутен на протестот, а потоа и насилно почнале да се собираат со него. Полицијата успеала да спречи да го линчуваат, сокривајќи го во полициско возило кое било поставено на влезот на бегалскиот центар.

Обидите да се пренесат бегалците од Идомени кон прифатните центри продолжуваат и денес. Вчера во кампот имаше достапни 20 автобуси спремни да пренесат околу 1.000 бегалци во центрите каде има слободни места. Од дваесетте кон прифатните центри заминаа осум. Според информациите кај УНХЦР се пријавиле вчера околу 600 луѓе спремни да си заминат од Идомени, изморени од тамошните тешки услови за живеење.

Според официјалното соопштение од владата во Грција денес има избројано 50.236 бегалци. Бегалскиот бран се смета дека е намален, бидејќи претходните два дена немаше нови пристигнувања, а до изутринава на островите пристигнале само 78 нови бегалци.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...