fbpx

Алтхаузер за „РСЕ“: Квалитетот на изборите е побитен од датумот

-

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер изјави дека квалитетот на изборите е побитен од датумот. Таа во интервјуто за „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) оцени дека времето до изборите е кратко и оти остануваат уште многу работа има да се заврши.

– Квалитетот на изборите е круцијален, тоа е клучно, тоа можам да го повторам. Нашиот фокус ќе остана на важните прашања, како што е медиумската средина која треба да им ја даде на гласачите информацијата што им е потребна, квалитетот на избирачкиот список, и воздржување од политичка манипулација врз гласачите и гласањето. Ние ќе продолжиме да ги адресираме проблемите кои ќе ги детектираме, и на приватни состаноци, а и во јавноста, се додека процесот е позитивен и до моментот кога ќе видиме дека нема потреба од понатамошно разгледување на процесот – вели Алтхаузер, според која, одлуката за тајмингот на изборите треба на крај да ја донесат владата и инволвираните партии.

Германската амбасадорка во интервјуто уште еднаш ги повика партиите и институциите да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство. Таа исто така рече дека тајмингот во кој Уставниот суд одлучи да направи измена на законот за помилување, отвора одредени прашања.

– Владеењето на правото генерално е основен темел на функционална демократија, како што е и одвојување меѓу правосудната и извршната власт, што исто така е важен дел од функционалната демократија. Ние препознаваме дека тајмингот на тој потег што го спомнавте да се дозволи пошироко толкување на помилувањето, кое доаѓа на само помалку од две недели откако специјалното обвинителство отвори случаи против високи политички фигури за криминал поврзан со избори, отвора некои прашања. Целата ЕУ и Германија како дел од неа, ја поздравуваме јавната изјава на претседателот Иванов дека нема да помилува за изборен криминал – вели Алтхаузер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...