понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Кристине Алтхаузер | 20 резултати

Алтхаузер: Кризата трае долго и е длабока, очекуваме формирање функционална влада

27 април 2017

Меѓународната заедница очекува формирање функционална влада која ќе се посвети на спроведување на итните реформи за евроинтеграциите, истакна германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на Меѓународната конференција „Добри практики за обука во земјите членки на ЕУ“, која се одржа во Секретаријатот за европски прашања. – Кризата во Македонија трае долго и е длабока. Поминаа четири месеци од изборите, […]

Груевски на амбасадорите им рекол дека изборите се најбрз начин за излез од кризата

25 април 2017

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стафансон и Ваутер Пломп, разговарал за актуелната политичка состојба, за позициите и за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на нејзино надминување. На средбата, на која присуствувале и членовите на извршниот комитет на партијата, Никола […]

Алтхаузер: Парламентот треба самиот да се организира и да избере влада

11 април 2017

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер денеска оцени дека постои решение за политичката криза во Македонија, но оти е потребно тоа да се имплементира. – Решението за политичката криза во Македонија е на маса. Потребна е политичка волја за тоа да биде спроведено, Собранието да биде оперативно, самото да се организира, да избере претседател, а потоа да се […]

Кристине Алтхаузер во Тетово: Прво влада, па чиста вода и воздух

21 март 2017

„Сметам дека многу важно во овој момент е да се состави влада и потоа да се почне со најважните проблеми што ги засегнуваат сите луѓе, а тоа се чиста вода и воздух“, одговори германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на новинарско прашање за политичката ситуација, на промоцијата на проектот „Градско дрво“ денеска во Тетово. На настанот присуствуваше и […]

Нухиу: МВР има капацитет за одржување на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните

16 март 2017

Министерството за внатрешни работи има капацитети и е максимално посветено на одржувањето на јавниот ред и мир и на безбедноста и сигурноста на граѓаните. Ова, осврнувајќи се на актуелната ситуација во земјава, денеска го истакнал министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на средбата со претставниците на комисијата за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, […]

Алтхаузер – Нухиу: Создавањето правна држава е главен столб за развој

6 февруари 2017

Германската влада на Министерството за внатрешни работи на Македонија му донираше опрема за потребите на граничната полиција. Договорот за примопредавање на опремата денеска во МВР го потпишаа министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и амбасадорката на Германија во земјава, Кристине Алтхаузер. Станува збор за донација вредна 60.000 евра, а која се состои од четири возила […]

Величковски и Алтхаузер разговарале за актуелната политичка состојба во земјава

19 јануари 2017

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер, на која било разговарано за политичката состојба во земјава по изборите. „Беше разгледана политичката состојба во земјата, за која претседателот Величковски оцени дека фокусот треба да биде ставен на оспособувањето и на веродостојноста на институциите по изборите од 11 […]

Ахмети – Алтхаузер: Една од опциите е повторување на изборите

16 јануари 2017

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Скопје се сретна со амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер, со која разговарал за политичката ситуација во земјата и за очекувањата од создавањето на новата влада по изборите. „Ахмети ги објасни опциите за кои во ДУИ се развива отворена и конструктивна дебата, тие вклучуваат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, […]

Заев – Алтхаузер: Реформи во судскиот систем и СЈО целосно да си ја заврши работата

11 јануари 2017

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер. Тие разговарале за потребата од продолжување на демократските процеси во Македонија и за формирање нова и силна Влада, посветена на реформските приоритети. На средбата, како клучни биле посочени препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе. Заев и Алтхаузер […]

Алтхаузер: Важни се изборите, но и чекорите што ќе се преземат по нив

23 ноември 2016

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер, оцени дека претстојните избори во Македонија се особено важен настан, посебно за надминување на двегодишната политичка криза. – За три недели ќе се случат изборите во Македонија, тоа е многу битен настан. Многу е важно овој процес да протече фер, да биде регуларен и добро да заврши. На 11 декември […]

Јанева: Се надевам дека судиите нема да трпат влијанија за нашите постапки и барања

23 ноември 2016

Се надевам дека одлуките на судиите ќе бидат засновани на закони, а ние будно ги следиме случувањата околу судството, изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која денеска присуствуваше на дебатата „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“. – Будно ги следиме овие случувања околу судството, како институција која е […]

Алтхаузер: Пратениците да го поддржат СЈО и да овозможат еднаква правда за сите

13 октомври 2016

Претставниците на граѓаните во парламентот да ги поддржат напорите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да овозможат еднаква правда за сите, порача денеска германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, која учествуваше на завршната конференција од проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, во организација на Државна комисија за спречување на корупција. Алтхаузер истана дека […]

Германската амбасадорка Алтхаузер побара целосно укинување на аболицијата

30 мај 2016

Укинувањето на аболицијата да биде сеопфатно, односно одлуката за аболицијата треба целосно да се повлече, рече германската амбасадорка Кристине Алтхаузер при промовирање на проектот „Фудбал без граници“ заедно со француската амбасадорка Лоренс Оер. – Во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на дел од помилувањата, велам дека уште од почетокот, без недоречености, […]

Алтхаузер за „РСЕ“: Квалитетот на изборите е побитен од датумот

27 март 2016

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер изјави дека квалитетот на изборите е побитен од датумот. Таа во интервјуто за „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) оцени дека времето до изборите е кратко и оти остануваат уште многу работа има да се заврши. – Квалитетот на изборите е круцијален, тоа е клучно, тоа можам да го повторам. Нашиот […]

Алтхаузер: Никој не знае дали ќе има избори на 5 јуни

17 март 2016

Без прочистен избирачки список, балансирано медиумско известување и без одвојување на државата од партијата, неизвесно е одржувањето на предвремените парламентарни избори на 5 јуни и засега тоа никој не може да го знае. Ова го изјави германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, на денешната трибина во организација на невладината организација „Цивил“ на тема „Плурализмот и […]

Заев: Без прочистен избирачки список и без договор за медиумите, не се можни фер избори

14 јануари 2016

Спроведувањето на Договорот од Пржино и шансите за фер и слободни избори биле тема на средбата меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, одржана попладнево, соопшти СДСМ. „Без прочистен избирачки список и без обезбедување механизми за професионално известување на медиумите, не се можни фер и демократски избори“, рекол Заев […]

Страна 1 од 1