четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Договор од Пржино | 452 резултати

Хан повторно го испраќа Прибе да помогне со реформите за владеењето на правото

јуни 7, 2017

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска соопшти дека во земјава повторно ќе испрати независна група правни експерти, предводени од Рајнхард Прибе, која треба да помогне и да ја советува новата Влада околу прашањата за владеењето на правото. Испраќањето на експертската група, вели Хан, е дел од подготвеноста на Европската Унија да […]

Могерини – Џафери: Улогата на спикерот треба да биде над партиските и етничките интереси

мај 4, 2017

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, попладево се сретнала со новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, во рамките на неговата прва официјална посета на Брисел. Могерини, како што соопштија од нејзиниот кабинет, го поздравила изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и истакнала дека […]

Хан и тројцата европратеници во вторник доаѓаат во Македонија, потврди Коцијанчич

март 17, 2017

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, во вторник ќе допатува во Скопје, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн, потврди денеска портпаролката на Евопската комисија, Маја Коцијанчич. – Како што можете да видите на агендата, комесарот Хан во вторник, на 21 март, ќе патува во Скопје, заедно со […]

Жбогар: Во Брисел има голем интерес за случувањата во Македонија

март 16, 2017

Евроамбасадорот Самуeл Жбогар денеска во Валандово изјави дека Договорот од Пржино довел до решение, но дека сè уште има работи кои треба да бидат имплементирани. – Кога ќе се осврнеме на Договорот од Пржино, ќе видиме дека тој беше напорен процес, но доведе до решение. Од него сè уште треба да се исполнат одредени работи, пред […]

Бејли: Има тензии, има поделби, но важно е институциите да функционираат

март 15, 2017

Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на политичката криза во земјата, изјави денеска американскиот амбасадор, Џес Бејли, на завршниот настан од проектот на УСАИД за меѓуетничката интеграција во образованието. – Зборувавме за ова многупати, не знам дали има Пржино еден, два, три… Имавме систем поставен од мај до јули 2015 година, кој предвидуваше кризата […]

Брисел не ја коментира платформата на партиите на Албанците

февруари 21, 2017

Европската комисија денеска не сакаше да ја коментира платформата на партиите на Албанците, но повтори дека очекува наскоро да се формира влада која ќе има широка политичка поддршка. – Како што и претходно изјавивме, не шпекулираме за составот на владата, за програмата во Македонија, но тоа што го очекуваме, а тоа е став кој го […]

Амбасада на САД: Го следиме процесот на формирање и ќе работиме со идната влада

јануари 30, 2017

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија го набљудува процесот на формирање на нова влада и очекува, откако ќе биде формирана, да соработува со неа, во контекст на напредокот на земјата во евроатлантските интеграции, велат од Амбасадата. „Очекуваме да работиме со македонската влада, кога ќе се формира, за напредување во евроатланската интеграција преку спроведување на реформите […]

Спасовски и официјално си замина од МВР, нов министер е Агим Нухиу

декември 29, 2016

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и официјално повеќе не е министер за внатрешни работи, откако претпладнево, како што потврдија за „Мета“ од МВР, му ја предал министерската функција на Агим Нухиу, кој досега беше заменик-министер во МВР. Со ова Нухиу, кој е кадар на ДУИ, е првиот Албанец што доаѓа на позицијата министер за внатрешни […]

Спасовски: Не сум разрешен, на работа сум

декември 14, 2016

Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски сè уште се министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и категорично негираат дека биле разрешени. Тие денеска за „Мета“ потврдија дека се на работа во ресорните министерства и велат дека таму и ќе останат сè додека Државната изборна комисија не ги објави конечните резултати од изборите. […]

Спасовски и Ременски ја чекаат ДИК за да се збогуваат со министерските функции

декември 12, 2016

Со објавувањето на конечните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија (ДИК), автоматски им завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри во министерствата за внатрешни работи, труд и социјална политика, министерствата за земјоделство, шумарство и водостпанство и за администрација и информатичко општество. Ова е предвидено со Договорот од 20 јули и меѓу […]

Коцијанчич: Одблиску ќе ги следиме изборите, тие се можност за нов почеток

декември 9, 2016

Европската Унија одблиски ќе ги следи изборите в недела, а првата реакција околу исходот ЕУ очекува да ја има в понеделник, на 12 декември, попладне, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.­ – Во однос на тоа што ќе се случи како следен чекор, ние, се разбира, одблиску ќе ги следиме изборите, како што правевме и […]

Стоте дена оставка на експремиерот Груевски станаа цела година

декември 2, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е во оставка од премиерската функција веќе 322 денови, наместо 100 дена како што е предвидено со Договорот од Пржино. Груевски во мај минатата година, во интервју за телевизија „Сител“, беше категоричен дека нема ниту да поднесе оставка ниту да прифати формирање на преодна влада бидејќи, како што рече, тоа […]

„Цивил“ бара партиите да ги соопштат изворите на финансии за кампањите

ноември 27, 2016

Од „Цивил“ посочуваат дека во Република Македонија се води исклучително скапа предизборна кампања, а политичките партии не даваат информации од каде им се финансиските средства за тоа. Центарот за слобода „Цивил“, со две мобилни екипи, викендов престојува во Охрид – Се води скапа кампања, нетранспарентна, никој не знае од каде партиите наоѓаат средства за кампањата. […]

Две години од „историскиот“ студентски протест што ги разбуди граѓаните и власта

ноември 17, 2016

Пред две години на денешен ден, 17 ноември, студентите го одржаа првиот студентски протест организиран од неформалната студентска организација „Студентски пленум“. Студентите беа револтирани затоа што Министерството за образование сакаше да воведе државен испит, односно екстерно тестирање на факултетите. Неколку илјади студенти пред точно две години се собраа пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и […]

Кукан за „Мета“: СЈО независно да си ја врши работата во предвидениот мандат

ноември 9, 2016

Известувачите за Македонија, во изменет состав, со Кнут Флекенштајн на местото на Ричард Ховит, будно го следат развојот на настаните во земјата кои водат кон избори и засега нема никаков развој на други сценарија, оцени за „Мета“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Едвард Кукан. – Специјалното јавно обвинителство треба да биде независно во вршењето […]

Брисел не коментира дали размислува за контрамерки поради опструкциите на СЈО

октомври 25, 2016

Европската комисија денеска повтори дека Специјалното јавно обвинителство е клучен дел од Договорот од Пржино, потпишан од сите лидери на главните политички партии. Сепак, од Брисел засега не сакаат да коментираат дали ќе преземат поостри мерки или санкции поради блокадата на работата на СЈО ниту, пак, како сето тоа ќе се одрази на извештајот за […]

Странците едногласно предупредуваат: Не застанувајте на патот на СЈО

октомври 21, 2016

Меѓународната заедница, која посредуваше во постигнување на Договорот од Пржино, по опструкциите на кои наиде истрагата на СЈО во УБК, посочија дека Катица Јанева треба да ја има поддршката на сите институции при спроведувањето целосни и независни истраги. Гарантите на Договорот од Пржино во одделни реакции по вчерашните настани потсетуваат дека решавањето на политичката криза […]

Коцијанчич: Поддршката и почитувањето на СЈО се обврска на сите институции

октомври 20, 2016

Европската Унија ги охрабрува сите институции во земјава да дејствуваат во рамките на обврските од Договорот од Пржино и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство без никакви опструкции, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, во врска опструкциите што му се прават на СЈО во истрагата во Управата за безбедност и […]

Делегација на ЕУ: СЈО да не се опструира, а сите страни да се придржуваат до договореното

октомври 20, 2016

Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги повика сите страни да се придржуваат до договореното и да не вршат опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство. „Не можеме да коментираме за тековни истраги, но потсетуваме дека сите страни се обврзаа да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство“, велат за „Мета“ од Делегацијата на ЕУ […]

„Договорот од Пржино и потоа“, тема за годинешните новинарски награди „Жан Моне“

октомври 19, 2016

Делегацијата на Европската Унија во Скопје го објави 14. конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето теми поврзани со Договорот од Пржино. Наградата „Жан Моне“, која годинава ќе се доделува за темите под наслов „Договорот од Пржино и потоа“, ќе биде доделена во три натпреварувачки категории – најдобар новинарски напис (за написи објавени во печатени […]

Страна 1 од 23