fbpx

Царинските кучиња откриле шест килограми марихуана на Табановце

Мобилните тимови на царинската управа, вчера на граничниот премин Табановце, спречиле шверц на шест килограми марихуана, сокриена во автомобил со германски регистарски ознаки, кој бил пријавен за влез во државата. Во возилото, марка „опел астра“, патувале двајца германски државјани, В.Б. (42) и А.Ф. (28), кои...

Скопјанка ограбена во центарот на градот

Дваесет и едногодишна скопјанка, вчера попладне, била ограбена од четворица разбојници во центарот на градот, соопшти полицијата. Разбојништвото се случило околу 13.30 часот, на улицата 27 Март, во непосредна близина на објектот „Тифани“, кога четири непознати лица ја нападнале девојката и, заканувајќи ѝ се со нож, ѝ одзеле...

Локализиран пожар во зграда во Чаир

Пожарот е локализиран и изгаснат
Голем пожар што зафати зграда во скопската населба Чаир е локализиран и изгаснат. Неколку стана беа опожарени и сè уште нема информации дали има настрадани. Пожарот ги зафатил петтиот, шестиот и седмиот кат на зградата, каде интервенираа тимовите на противпожарната единица.

Обвинителството уште го истражува гранатирањето на владата, коминикето не го добиле

Три недели по нападот, во кој два проектили завршија во фасадата на владината зграда на Илинденска, од обвинителството за агенцијата „Мета“ велат дека предистражната постапка за случајот продолжува и дека се преземаат сите мерки за откривање на напаѓачите. Во дописот од Јавното обвинителство, нападот, што...

Приведени странски државјанки во гостиварско Чегране

Гостиварската полиција, вчера, при контрола на угостителксиот објект „Нота“ во селото Чегране, сопственост на А.Ш. (46), привела шест странски државјанки кои нелегално работеле како пејачки и танчерки во локалот. Според полицијата, станува збор за пет албански и една бугарска државјанка, на возраст од 19 до...

Кривична пријава за познат скопски дилер на дрога

Единицата за недозволена трговија на скопската полиција, поднела кривична пријава против дилер на дрога, кој минатата недела бил фатен со пакувања хероин, информираат од МВР. Според пријавата, тој е осомничен за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори....

Притворен скопјанец, ја уценувал поранешната девојка со компромитирачки фотографии на „Инстаграм“

На 19-годишен скопјанец му бил одреден осумдневен притвор, откако на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил компромитирачки фотографии од својата поранешна девојка. Како што информираат од МВР, осомничениот А.Ш. на 13 ноември ѝ се заканил на својата поранешна девоја, дека доколку не му даде 5.000 денари, на „Инстаграм“ ќе...

Нападнати ученици во „Михајло Пупин“ во Скопје

Вчера, околу 16 часот, двајца ученици, М.М. (17) и К.А. (16), во скопското средно училиште „Михајло Пупин“, физички го нападнале соученикот Ф.А. (15). „По преземени мерки, случајот е расчистен, а на напаѓачите им се издадени платни налози за наплата на глоба за сторен прекршок по...

Група ученици нападнале 11-годишно дете

Вчера, во 9 часот, во дворот на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во селото Теарце, ученик на возраст од 11 години, без повод и причина, физички бил нападнат од група ученици кои почнале да го удираат со тупаници и со клоци по целото тело. МВР соопшти...

Млад кичевец избодел свој сограѓанин

Полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А. (22) од овој град, поради постоење основи за сомневање за обид за убиство. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово, соопшти портпаролот на...

Акција на МВР и на царината: Запленети 236 грама хероин

Екипи на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, во заедничка акција со Царинската управа, денеска на граничниот премин Богородица, спречиле шверц на 236 грама хероин, наменет за домашниот наркопазар, соопшти МВР. Дрогата била откриена при претрес на 46-годишниот скопјанец А.Б., кој патувал во автобус,...

„Ровер“: Бошкоски доби десет и половина години затвор и им заврти грб на судиите

Судскиот совет денеска ги соопшти пресудите во повторениот судски процес за случaјот „Ровер“, во кој на десетмина обвинети, меѓу нив и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, им се судеше за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев од 2001 година. Како непосредни извршители...

Жител на Богданци осомничен за насилство и за напад на полицајци

Четириесет и четиригодишен жител на Богданци е осомничен за насилство, откако нападнал сограѓанин и полициска екипа, која дошла да интервенира по инцидентот. Како што информираат од гевгелиската полиција, осомничениот Ѓ.Д., на почетокот на овој месец, во кафеаната „Парк“, без повод и причина нападнал сограѓанин, удирајќи...

Денеска се очекува повторна пресуда за случајот „Ровер“

Денеска се очекува Судскиот совет да ја соопшти пресудата за случајот „Ровер“, во кој им се суди на вкупно десетмина обвинети, меѓу кои е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Обивнителството во текот на повтореното судење се откажа од гонење на петмина обвинети,...

Украдени 13.000 евра од куќа во кочанско Спанчево

Арамија, вчера, провалил во домот на 33-годишен жител на кочанското село Спанчево и украл 13.000 евра, информираат од полицијата. Крадецот во куќата влегол откако ја обил влезната врата, а по пребарувањето низ низ собите, во фиока од биро, ги нашол парите. Полицијата извршила увид во куќата...

За една недела фатени повеќе од 80 пијани возачи во Битола, Тетово и во Штип

Полициски службеници од СВР- Битола, во текот на минатата недела регистрирале 495 прекршоци на Законот за безбедност на сообраќајот. Како што се наведува во соопштението, во 25 од случаите е констатирано присуство на алкохол кај возачите, констатирани се 57 случаи на управување на возило без...

Брачен пар осомничен за убиство во Горно Оризаре

Велешката полиција поднела кривични пријави против жител на селото Горно Оризаре, осомничен дека кон крајот на март годинава, го убил својот соселанец Бајрам И.(33), соопшти полицијата. Покрај осомничениот, кој според пријавата, се товари за кривично дело убиство, приведена е и неговата сопруга. Таа, според полицијата,...

Дениса Маркоска денеска ќе биде погребана на новите градски гробишта во Прилеп

Телото на Дениса Маркоска(23), која под сè уште неразјаснети околности го загуби животот додека работеше на бродот „Серенисима“, денеска, во 14 часот, ќе биде погребано на Новите градски гробишта во Прилеп, пренесува „Нова ТВ“. Според информациите на „Нова ТВ“, ковчегот со посмртните останки на Дениса...

Ние намаливме на 50, ЕУ размислува за зони со максимални 30 километри на час

Педесет километри на час во урбани средини, како што предвидува новиот закон за сообраќај кај нас, веќе неколку години е практика во сите земји-членки на ЕУ, и во некои кои не се дел од Унијата. Европскиот парламент минатата година усвои документ со кој бара...

Резултатите од обдукцијата за случајот Дениса Маркоска испратени на семејството

Министреството за здравство денеска ги добило резулатите од Институтот за судска медицина за случајот „Дениса Марковска“ и за нив го известило семејството. - Министерството за здравство денеска ги доби резултатите од иследувањата на Институтот за судска медицина во врска со случајот на Дениса Маркоска и...

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...