fbpx

Обвинителството уште го истражува гранатирањето на владата, коминикето не го добиле

-

Три недели по нападот, во кој два проектили завршија во фасадата на владината зграда на Илинденска, од обвинителството за агенцијата „Мета“ велат дека предистражната постапка за случајот продолжува и дека се преземаат сите мерки за откривање на напаѓачите.

Во дописот од Јавното обвинителство, нападот, што се случи на 28 октомври, е оквалификуван како инцидент.

– Надлежното јавно обвинителство ги презема сите неопходни мерки и активности во врска со откривањето на сторителите на инцидентот што се случи на 28 октомври. Извршено е вештачење на проектилите, побарани се снимки од околните објекти. Предистражната постапка продолжува. Секој допис или нов факт ќе биде анализиран и разгледан од надлежниот обвинител – велат од обвинителството.

Во врска со коминикето, кое една недела по нападот го објави телевизијата „Алсат-М“, а во кое извесна „Национална ослободителна армија (НОА)“ ја презеде одговорноста за нападот на владината зграда, од обвинителството кратко одговараат дека такво известување тие не добиле.

– Во Јавното обвинителство на Република Македонија досега не е пристигнато какво било известување за преземање на одговорноста за настанот – велат оттаму.

Засега разврска нема ниту за случајот што пред околу три недели во тетовската полиција го пријавија двајца вработени во локалниот „Водовод“, според кои, две лица во темни униформи им се заканиле и им наредиле да престанат со работата.

– Во врска со пријавата на вработените во тетовскиот „Водовод“, дека две лица во темна облека им упатувале закани да престанат со извршување на работните задачи, во Основното јавно обвинителство – Тетово нема пристигнато пријава – велат од јавното обвинителство.

Овој случај беше поврзуван со изјавите на Хамди Ндрецај, кој се претставува како командант Пантери и за себе вели дека стои зад т.н. „Гарда на Илирида“, чиишто припадници, според него, патролираат во средините со мнозинско албанско население.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...