fbpx

Кривична пријава за познат скопски дилер на дрога

-

Единицата за недозволена трговија на скопската полиција, поднела кривична пријава против дилер на дрога, кој минатата недела бил фатен со пакувања хероин, информираат од МВР.

Според пријавата, тој е осомничен за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил 30-дневен притвор.

Од полицијата информираат дека скопјанецот, на 14 овој месец, на улицата Топанска, за сума од 3.500 денари купил 5,71 грама хероин, кои имал намера да го препакува во помали количества и да го пушти во продажба.

Тој бил приведен од екипа на единицата „Алфа“, која при преглед на возило „фиат пунто“, во кое бил осомничениот, нашла три пакувања хероин.

Од МВР додаваат дека против скопјанецот, во периодот од 2000 до 2012 година, биле поднесени четири кривични пријави за трговија со дрога, 10 пријави за тешка кражба и кражба и една пријава за фалсификување личен документ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...