fbpx

За една недела фатени повеќе од 80 пијани возачи во Битола, Тетово и во Штип

-

Полициски службеници од СВР- Битола, во текот на минатата недела регистрирале 495 прекршоци на Законот за безбедност на сообраќајот.
Како што се наведува во соопштението, во 25 од случаите е констатирано присуство на алкохол кај возачите, констатирани се 57 случаи на управување на возило без возачка дозвола, 96 возачи управувале возила со поголема брзина од дозволеното, констатирани се технички неисправности кај 28 возила, 61 возило биле  нерегистрирани или со измината важност на сообраќајната дозвола, направени се 29 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, 58 прекршоци за некористење на сигурносен појас. Исто така, беа констатирани четири случаи за престигнување и два за користење мобилен телефон при управување со возило.

Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на СВР Тетово и на СВР Штип, во сообраќајни контроли биле контролирани вкупно 379 возачи. При тоа, на подрачјето на СВР Штип биле алкотестирани вкупно 195 возачи, од кои кај 19 е утврдено присуство на алкохол. Биле констатирани и 12 други прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот, при што се подготвени девет налози и три покани за наплата на глоба.

На подрачјето на СВР Тетово спроведени се алкотестови кај вкупно 72 возачи, од кои кај 12 било утврдено присуство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај и подготвени им се платни налози. Исто така, во сообраќајните контроли биле откриени биле и други видови прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот, при што на прекршителите им биле подготвени соодветни поднесоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...