СДСМ: Дали зад големите пари во естрадата стои корупција со амин на власта?

-

Министерството за култура не даде одговор дали е донатор на наградите во вкупна вредност од дури 45.000 евра за „Скопски фестивал“! Оваа информација ја соопшти Министерството за внатрешни работи во својот првичен извештај од истрагата, по скандалот со местенките. Но, без разлика дали е тоа Министерството за култура или, како што тврди МРТВ, односно самата Македонска радиотелевизија, имаме право да знаеме на што се должат високобуџетните награди на естрадните фестивали бидејќи парите се од нас граѓаните, речеРоберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ на денешната прес-конференција.

– Претходно, на штипскиот фестивал „Макфест“ беа доделени високи парични награди од 20, 15 и 10 илјади евра. За споредба, врвните македонски автори од другите области секогаш добиваат скромни хонорари за своите уметнички дела. Писателите добиваат од 30 до 120 илјади денари за своите авторски дела или од 500 до најмногу 2.000 евра. Еснафските награди на Друштвото на писатели се 30.000 денари или 500 евра. Значи делото на писателот е до 40 пати помалку вредно од испеаната песна? Најпрестижната награда „Браќа Миладиновци“ не е повисока од 100.000 денари или изнесува ни цели 200 евра! Ликовните уметници најчесто добиваат 30 до 60 илјади денари, или 500 до 1.000 евра за изложби, само како продукциски трошоци. Откупот на дела варира до 1.000 евра. Режисерите на претставите не добиваат повеќе од 300 илјади денари или 5.000 евра, а костимографите добиваат до 1.000 евра. Сега со право прашуваме, на што се должат астрономските хонорари за естрадните уметници? Дали на можноста овие пари да се лесно предмет на измами? – истакна Алаѓозовски.

СДСМ бара принципиелни критериуми за вреднување на сите автори и уметници.

Во спротивно, рекоа оттаму, ќе се покажат основани сомнежите дека зад големите пари во естрадата има и друга, можеби корупциска, заднина, стимулирана токму од власта во чијшто раце е управувањето со народните пари.

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...