fbpx

До вторник треба сè да е готово, а преговорите на стенд-бај

Веќе десет дена е пробиен рокот што работните групи го имаа според Договорот од Пржино за да ја договорат изборната регулатива. Откако пред два дена СДСМ ги напушти работните групи, преговорите се во ќор-сокак, а денеска од опозицијата соопштија дека немаат намера да се вратат на...

СДСМ: Нема преговори додека не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство

Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат сè додека не се испочитува и не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители, реагираат од СДСМ. „Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да...

Колку Зврлевски е неполитички обвинител, кажаа Јанкулоска и Ставрески во „бомбата“

Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој изјави дека за него специјалното обвинителство е политичко обвинителство, во една од „бомбите“ на опозицијата беше споменат од двајца политичари, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министрека за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на кои, според снимката, им...

Обвинителството бара притвор за седуммина уапсени во денешната полициска акција

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повело истрага против нови седум лица, осомничени за инволвираност во настаните од 9 и од 10 мај годинава, во кумановско Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство. Во писменото соопштение од обвинителство не е наведено дали станува збор за уапсените...

Котевски: Приведени се неколку јатаци и изведени на суд

Голема полициска акција се одвива утрово за пронаоѓање соработници и поддржувачи на терористичката група инволвирана во случувањата во кумановско Диво Насеље. МВР акцијата ја спроведува во повеќе кумановски села, а ја проширува и во некои скопски, при што вклучени се големи полициски сили, како и хеликоптери. -...

Полициска акција во Диво Насеље, се апсат соработници на терористите

Утрово се одвива голема полициска акција за пронаоѓање соработници и поддржувачи на терористичката група инволвирана во случувањата во кумановско Диво Насеље. МВР акцијата ја спроведува во повеќе кумановски села, а ја проширува и во некои скопски, при што вклучени се големи полициски сили, како и хеликоптери. Според првичните информации, биле...

Ван Хојте: Тажно е што некои луѓе мислат дека можат да го прекршат сопствениот закон

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте денеска по одлуката на Советот на јавни обвинители да избере само половина од тимот што го побара специјалната обвинителка Катица Јанева, изјави дека со тоа не е испочитуван Законот за специјално обвинителство. - Законот предвидува обвинителката да ги добие сите ресурси,...

Спасовски: За СДСМ Договорот од Пржино повеќе не е активен

Со одлуката на Советот на јавни обвинители денеска е прекршен Договорот од Пржино и Законот за специјалното јавно обвинителство, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, пред Клубот на пратеници, каде досега се одржуваше средбата на работните групи за изборната регулатива. - Ние сега се...

Јанева побара 14, а доби само седум обвинители

Советот на јавни обвинители, по повеќе од три часа расправа, денеска донесе одлука да го преполови тимот на Катица Јанева и наместо предложените 14, одобри само седум помошници-обвинители. Oд предложените кандидати не е прифатен ниту еден од скопското обвинителство. Јанева за одлуката на Советот на јавни обвинители...

Советот на јавни обвинители за тимот на Јанева расправа зад затворени врати

Почна седницата на Советот на јавни обвинители на која ќе се расправа и ќе се одлучува за предлог-тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева од 14 обвинители. Втора точка на дневен ред е општиот работен, персонален и финансиски план што Јанева минатата недела го достави до Собранието,...

Обвинителствата контра Катица Јанева: Специјалното обвинителство е неуставно

Обвинителите кои вчера присуствувале на состанокот со државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, меѓу другото, изразиле незадоволство од донесувањето на Законот за специјално обвинителство, кој го оцениле како неуставен и повикале на поднесување иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Присутните...

Хојте: Ова не е војна, партиите мора да направат компромис

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, попладнево, додека сè уште траат преговорите за изборната регулатива, им порача на партиите дека мора да направат компромис. - Партиите мора да сфатат дека не може да добијат сè. Во нормалниот свет, кога се прави компромис, се откажуваш од одредени...

„Студентски пленум“: Најавата на Груевски за нов студентски дом е популистички потег

Премиерот Никола Груевски во интервјуто за телевизија „Сител“ најави изградба на нов студентски дом, што од „Студентски пленум“ го оценуваат како популистичка мерка, додавајќи дека е трагично што студентите мора да чекаат реакција од Владата само кога нивните животи се загрозени. Од Министерството за образование и наука...

СДСМ: Нека дојде Груевски да ги води преговорите за изборната регулатива

Речиси целиот вчерашен ден преговарачите во работните групи го поминале на паузи и во билатерални средби со меѓународните преставници, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. Тие велат дека на почетокот на средбата, меѓународните преставници дале предлог-закон во кој биле содржани претходни преговарачки предлози и препораки од ОБСЕ-ОДИХР со...

Роковите ги газат преговарачите, медиумите и привремената влада

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино се во ќор-сокак, а пробиен е рокот за изборната регулатива, која требаше да биде усогласена до 6 октомври. Поради пробивањето на овој рок, постои можност да се одолжат и другите отворени прашања. Преговорите, барем за јавноста, беа во...

Нема договор за изборниот закон, преговорите продолжуваат

Преговорите на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино со олеснувачот Питер ван Хојте траеле до 2.30 часот наутро, но без успех. На средбата, освен олеснувачот Питер ван Хојте, присуствуваа Илија Димовски и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски и Цветанка Илиева од СДСМ,...

Почна средбата за договор за изборната регулатива

Почна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, на која треба да се одлучи за гласањето на дијаспората и за изборот и за надлежностите на Државната изборна комисија. На средбата, освен олеснувачот Питер ван Хојте, присуствуваат Илија Димовски и Силвана Бонева...

Денеска нова средба на работните групи за изборната регулатива

По три дена пауза, денеска во 13.30 часот повторно е закажана средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, дознава „Мета“. Oлеснувачот Питер ван Хојте на средбата треба да достави нацрт-предлог на изборниот закон, кој ќе го презентира пред претставниците на политчките...

Груевски: Опозицијата ги минира преговорите за да ги одложи изборите

Премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата „Сител“ вечерва најави изградба на нов студентски дом во Скопје, рече дека во моментов во Македонија има историски најниска невработеност од 26,8 проценти и ја обвини опозицијата дека ги минира преговорите за да ги одложи изборите договорени...

Заев: Денеска финишираат преговорите за изборниот закон

Преговорите за изборниот законик ќе финишираат денеска, а веќе од утре би требало да биде отворено прашањето за состојбата во медиумите и за промените во МРТВ, изјави синоќа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по трибината во Охрид, насловена како „Визија за Македонија“. - На дневен...