fbpx

СДСМ: Нека дојде Груевски да ги води преговорите за изборната регулатива

-

Речиси целиот вчерашен ден преговарачите во работните групи го поминале на паузи и во билатерални средби со меѓународните преставници, дознава „Мета“ од извори од СДСМ.

Тие велат дека на почетокот на средбата, меѓународните преставници дале предлог-закон во кој биле содржани претходни преговарачки предлози и препораки од ОБСЕ-ОДИХР со кои сите партии биле запознаени.

Од СДСМ не се големи оптимисти дека и денеска ќе се постигне договор. Како што информираат оттаму, веднаш откако странците го дале предлог-законот, од ВМРО-ДПМНЕ побарале пауза за која не дефинирале колку долго ќе трае.

Паузата траела до вечерта, до 2 часот, а во меѓувреме сите присутни во Клубот на пратеници имале поединечни средби со меѓународните претставници.

Од опозицијата сметаат дека најконструктивно решение би било, ако преставниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат мандат за преговарање, да го викнат премиерот за тој да ги води преговорите од нивна страна.

Според СДСМ, пролонгирањето на овој рок го доведува во прашање сето она што треба да се заврши до 20 октомври и дека ова може да има, како што велат, „ужасни“ последици на извештајот за напредокот на државата.

На прашањата до кога опозицијата ќе го трпи ова, од СДСМ велат дека ако 15 септември бил еден датум на кој се донела важна одлука, тогаш 20 октомври е вториот исто толку важен датум. Тие се категорично против одложување на изборите што треба да се одржат на 24 април 2016 година.

Како проблематични точки поради кои се кочи работата на работните групи, тие ги наведуваат гласањето на дијаспората, одлучувањето во ДИК и потрошените пари по гласач.

За гласањето на дијаспората, во игра биле неколку предлози, меѓу кои во постојните изборни единици пратениците да се избираат со цензус, да има една изборна единица, исто така, со цензус и дијаспората да гласа за претставниците во Македонија. Сите овие предлози се во согласност со ОБСЕ-ОДИХР, тврдат од СДСМ.

Според опозицијата, предлогот околу кој се кршат копјата за одлучувањето во ДИК воопшто не содржи одлучување со Бадентерово мнозинство, туку, ако се загрозени чии било права, предвиден е заштитен механизам со гласање со апсолутно мнозинство.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...