fbpx

Малезискиот авион МХ17 и официјално бил соборен со ракета над Украина

-

Холандската комисија за безбедност денеска го презентира извештајот за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот МХ17, во Украина, минатата година, според кој авионот се срушил откако бил погоден со ракета од типот „бук 9м38“ од руско производство.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, проектилот го погодил левиот преден дел од авионот, што предизвикало распаѓање на леталото, се наведува во финалниот извештај. Според него, патниците и членовите на екипажот, воопшто не знаеле што се случува и во истиот момент, кога авионот бил погоден, изгубиле свест.

Во извештајот не се посочува виновникот, односно кој е одговорен за падот на авионот, бидејќи истрагата на холандската комисија за безбедност нема мандат да одговори на ова прашање. Задачата на комисијата беше да ги утврди причините и околностите за падот на авионот.

Инаку, западните земји и Украина за уривањето на патничкиот „боинг 777“ ги обвинуваат проруските бунтовници, додека Русија тврди дека ракетата била истрелана од територија контролирана од украинските власти.

Според експертите, ракети од типот „бук“, со каква што бил погоден авионот, поседуваат и руската и украинската војска.

Авионот на „Малезија ерлајнс“, кој леташе на релација Амстердам – Куала Лумпур, се урна на 17 јули 2014 година на истокот на Украина, на територија контролирана од проруските бунтовници. Во случајот, загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Меѓу загинатите, 196 лица беа холандски државјани.

Холандската комисија за безбедност, извештајот денеска првин го презентираше на роднините на загинатите, а потоа организираше брифинг за новинарите во воената база „Гилзе – Ријен“ во Холандија, на кој беа покажани и делови од авионот, донесени од местото на падот, во регионот на Доњецк и потоа реконструирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...