сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: причини | 27 резултати

Причините за пожарот во возилото на таткото на Боки 13 засега непознати за полицијата

октомври 3, 2017

Возило, марка „бмв икс 5“, ноќеска било опожарено на улицата Варшавска, во скопската населба Тафталиџе, информираат од полицијата. Причините за пожарот, кој избувнал околу 1.40 часот, засега се непознати, а возилото, сопственост на Ј.Ј., било целосно опожарено. Пожарот, како што информираат од полицијата, бил изгаснат од екипа на скопската противпожарна бригада во 2.25 часот. Увид […]

Миновски: Состојбата со производството на струја во Македонија е катастрофална

септември 17, 2017

Ситуацијата со производството на електирична енергија во Македонија е катастрофална и оваа година земјава ќе произведе најмалку струја од кога и да било досега, изјави денеска на прес-конференција Драган Миновски, генерален директор на АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ). За ваквата состојба тој ги обвини претходните раководства на компанијата, кои, како што рече, изминативе години работеле […]

Османи: Најмалку што ни треба е отворање на нови прашања со соседите

август 23, 2017

Сè уште се нејасни причините за повлекување на персоналот на амбасадата на Србија во Скопје, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, истакнувајќи дека треба да се почекаат целосните информации и да не се избрзува со „заклучоци, декларации и изјави кои што можат дополнително да ги влошат односите“ Османи наведе дека Македонија има и […]

Три лица загинале во пожар во бегалски камп во Либан

јули 2, 2017

Голем пожар денеска избувнал во камп за сириски бегалци во Либан, во кој, според информациите на локалните медиуми, загинале три лица. Кампот се наоѓа во долината Бека, во близина на градот Каб Елиас, недалеку од Бејрут. На снимките што ги објавила либанската телевизија можела да се види најмалку една експлозија. Безбедносни извори изјавиле дека причините […]

Уште едно лице починало од пукањето во Бутел, причините за инцидентот и понатаму непознати

јули 2, 2017

Скопската полиција сè уште ги истражува причините и работи на расчистување на случајот во кој 84-годишниот П.Т., жител на населбата Бутел, вчера во својот дом пукаше во сопругата, нивната ќерка и во внукот, а потоа се самоуби. Триесет и двегодишниот внук, од сериозноста на повредата, почина на самото место, а како што соопшти денеска полицијата, […]

Бројот на загинати во пожарот во лондонската висококатница достигна 79 лица

јуни 19, 2017

Бројот на загинати или исчезнати лица во пожарот во висококатницата во Лондон достигна 79 лица, соопшти денеска британската полиција, јавуваат агенциите. Според претходно објавените податоци, бројот на настрадани или исчезнати по пожарот изнесуваше 58 лица. Официјални претставници на британските власти навеле дека зградата Гренфел, која има 24 ката, сè уште се пребарува, а во тек е […]

Меј нареди истрага за причините за пожарот во зградата во Лондон

јуни 15, 2017

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска нареди истрага за причините за пожарот во зградата во западен Лондон, во кој загинаа 17 лица, јавуваат светските агенции. Меј својата одлука ја објави по нејзината посета на местото на пожарот, за време на која британската премиерка не даде изјава за медиумите. Според командирот на лондонската полиција, Стјуарт […]

Четири лица загинаа во пад на грчки воен хеликоптер кај Лариса

април 19, 2017

Четири воени лица загинаа, a една жена е тешко повредена во воен хеликоптер кој денеска се урна во област близу грчкиот град Лариса. Хеликоптерот летал од Лариса кон Кожани, кога се изгубил од радарот нешто пред 8 часот, во близина на областа Еласонас. Центарот за справување со кризи почнал потрага по хеликоптерот еден час подоцна. Грчките […]

Се урна хеликоптер на војската на САД во Мериленд, еден загинат и двајца повредени

април 18, 2017

Американски воен хеликоптер од типот „УХ-60 блек хок“ ноќеска се урнал на терен за голф во сојузната држава Мериленд, за време на рутински лет, при што едно лице загинало, а две биле повредени, соопштила армијата на САД, јавуваат светските агенции. Причините за несреќата засега не се познати, соопштиле од американската војска. Според информациите во медиумите, […]

СДСМ: Иванов да не одолговлекува и веднаш да го даде мандатот

март 13, 2017

Го повикуваме Иванов да не одолговлекува, во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалот и за злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска влада, стои во реакцијата на СДСМ на изјавата од кабинетот на Иванов дека „пречките за определување мандат сè уште не се отстранети“. […]

Повеќе од 100 мигранти се удавиле во бродска несреќа во близина на Либија

февруари 22, 2017

Повеќе од 100 мигранти се удавиле во бродска несреќа во близина на брегот на Либија, јавуваат светските медиуми. Пред неколку дена, телата на 74 мигранти биле исфрлени на брегот на либиски град Завија, но тогаш не се знаеле причините за смртта. Според изјавите на еден од преживеаните мигранти, на бродот имало 133 лица, а само 24 од нив […]

Пакистанските власти почнаа истрага за авионската несреќа во која загинаа 47 лица

декември 8, 2016

Пакистанските власти почнаа истрага во врска со авионската несреќа, која се случи вчера и во која загинаа сите 47 патници и членови на екипажот, соопштија денеска официјални претставници на властите во Исламабад. Меѓу загинатите, како што јавуваат светските агенции, имало и две деца и тројца странски државјани, а властите навеле дека во тек е ДНК-анализа […]

Најмалку девет загинати во пожар во Оукленд, Калифорнија

декември 3, 2016

Најмалку девет лица загинале, а 25 се водат како исчезнати во пожар во градот Оукленд, во американската сојузна држава Калифорнија. Пожарот избувнал во магацин во зграда во кој се одржувала забава, соопштиле денеска од локалната противпожарна служба, додавајќи дека засега сè уште не е позната причината за пожарот. Пожарот избувнал триесетина минути пред полноќ, според […]

Кина: Најмалку 21 загинат во експлозија во електрана

август 11, 2016

Најмалку 21 лице загинале, а петмина биле повредени во експлозија во електрана во централната кинеска провинција Хабеј, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од официјални службени лица. Според кинеските медиуми, во централата во градот Данјанг експлодирала цевка за пареа под висок притисок. Спасувачки екипи веднаш пристигнале на местото, а полицијата ги истражува причините за […]

Најмалку 13 лица загинале во пожар за време на роденденска забава во Франција

август 6, 2016

Најмалку 13 лица загинале, а неколкумина се повредни во голем пожар кој избувнал за време на роденденска забава во клубот „Ле Куба Либре“ во францускиот град Руан, јавуваат локалните медиуми. Според информации од противпожарната служба во главниот град на француската покраина Нормандија, загинатите лица во пожарот биле на возраст меѓу 18 и 25 години. Францускиот […]

Кривичниот суд има 477 стари нерешени предмети, најстариот е од 1998 година

јули 12, 2016

Во Основниот суд Скопје 1, во одделите за кривично полнолетни, кривично малолетни и Одделението за организиран криминал и корупција, има вкупно 477 стари нерешени предмети, постари од две години, а најстариот е од 1998 година, покажала последната анализа направена во јуни годинава, соопштија денеска од судот. Судии од Апелацискиот суд, кои на почетокот на април биле во […]

Судскиот совет ќе ги испитува причините за одложувањето на судењето за „Диво Насеље“

јуни 1, 2016

Судскиот совет денеска соопшти дека ќе ги испита причините за вчерашното одложување на рочиштето за случајот „Диво Насеље, кога на новинарите и на адвокатите на обвинетите не им беше дозволен влез во големата сала на Врховниот суд, во која требаше да се одржи судењето. „Во согласност со својата законска надлежност да се грижи за угледот […]

Египет со подморница ги бара црните кутии од урнатиот патнички авион

мај 22, 2016

Египетските власти ангажирале подморница во потргата по црните кутии со податоците за летот на авионот на „Египет ер“ кој во четвртокот се урна во Средоземното море, пренесуваат медиумите. „Работиме напорно за да ги најдеме двете кутии“, изјавил египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси, во неговиот прв коментар во врска со несреќата, пренесува „Би-би-си“. Египетскиот министер за […]

Пожарите на два автомобила во Штип не биле подметнати

јануари 26, 2016

Штипската полиција денеска соопшти дека пожарите во кои на 20 јануари изгореа две возила, а уште три беа оштетени, не биле подметнати туку настанале поради неисправна електрична инсталација во возилата. – Водени се разговори со сопствениците на возилата и со очевидци, при што е констатирано дека не постојат основи за соменвање дека пожарите на возилата, […]

Во пожар изгорела фабрика за паркет и за брикети во Виница

јануари 15, 2016

Во пожар, кој избувнал во средата попладне, изгорела фабриката за паркет и за брикети „Бор – вуд“, во населбата Градец, во Виница, сопственост на 32-годишниот Б.М., соопшти денеска полицијата. Со пожарот, според полициските информации, биле зафатени таванскиот простор, дрвената покривна конструкција, две машини за обработка на паркет, една машина за пакување паркет, една машина за калибрирање паркет и […]

Страна 1 од 2