fbpx

Тахографот на автобусот е изгорен, истрагата за несреќата продолжува

-

Истрагата што бугарските истражни органи ја водат за ноќешната трагична несреќа на автопатот близу Перник, Бугарија, во која во автобусот на превозник од Северна Македонија загинаа 45 патници, наидува на одреден проблем, бидејќи е изгорен тахографот што го бележи движењето на автобусот.

Бојко Рановски од Извршната агенција „Автомобилска администрација“ за Бугарското национално радио (БНР) појасни дека не може да се извлечат податоци од тахографот.

Рановски објасни дека врз основа на информациите од институцијата со која раководи, од граничниот премин „Капетан Андреево“ до местото на инцидентот, не се регистрирани нарушувања на правилата за движење.

„Нема податоци дека автобусот се движел со прекумерна брзина“, изјави тој, додавајќи дека биле почитувани сите задолжителни времиња за одмор.

Тој во изјавата додава дека податоците од камерите на граничните премини и на бугарската патна агенција ќе може да се искористат од истражителите за утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...