fbpx

„Беса транс – Скопје“ изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите

-

Компанијата „Беса транс – Скопје“ на својот профил на Фејсбук упати телеграма со сочувство по страшната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги загубија 45 луѓе.

„Телеграма со сочувство!

Денеска е многу тажен и тежок ден за нас како компанија, изразуваме сочувство до семејствата и роднините на починатите, се молиме за брзо оздравување на преживеаните. Компанијата во целост соработува со надлежните институции со Р.C. Македонија и Р. Бугарија се со цел да се утврдат причините за оваа страшна трагедија! Се извинуваме на сите што не сме во можност да одговориме на бараните информации, бидејќи сме во голем шок.

Со почит.

За секакви информации во врска со случајот јавете се на 075273732“, гласи пораката упатена во јавноста од компанијата.

По несреќата, Владата на денешната седница прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава, а исто постапи и соседна Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...