Американски воен хеликоптер од типот „УХ-60 блек хок“ ноќеска се урнал на терен за голф во сојузната држава Мериленд, за време на рутински лет, при што едно лице загинало, а две биле повредени, соопштила армијата на САД, јавуваат светските агенции.
Причините за несреќата засега не се познати, соопштиле од американската војска.
Според информациите во медиумите, тројцата членови на екипажот на хеликоптерот спроведувале воена вежба кога леталото се урнало во близина на Леонардтаун, околу 97 километри југоисточно од Вашингтон.