Најмалку 21 лице загинале, а петмина биле повредени во експлозија во електрана во централната кинеска провинција Хабеј, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од официјални службени лица.
Според кинеските медиуми, во централата во градот Данјанг експлодирала цевка за пареа под висок притисок. Спасувачки екипи веднаш пристигнале на местото, а полицијата ги истражува причините за експлозијата.
Инаку, ваквите несреќи во Кина се чести и покрај напорите на властите во Пакинг за зголемување на безбедноста во овие објекти.
Ваквите напори беа засилени по минатогодишната серија на експлозии во магацин за хемикалии во пристанишниот град Тјенцин, во кои загинаа 173 лица, меѓу кои имаше и пожарникари и полицајци.