fbpx

Најмалку девет загинати во пожар во Оукленд, Калифорнија

-

Најмалку девет лица загинале, а 25 се водат како исчезнати во пожар во градот Оукленд, во американската сојузна држава Калифорнија. Пожарот избувнал во магацин во зграда во кој се одржувала забава, соопштиле денеска од локалната противпожарна служба, додавајќи дека засега сè уште не е позната причината за пожарот.

Пожарот избувнал триесетина минути пред полноќ, според локално време, а од огнот се урнал покривот на магацинот, што дополнително ја компликува работата на спасувачките служби за извлекување на телата на настраданите.

Според агенциите, во моментот на избувнувањето на пожарот во магацинот, кој се користел како студио од страна на група музичари и уметници, имало најмалку 50 лица.

„Се надеваме дека девет е конечниот број на жртви и дека нема да има повеќе, но детално ќе ја провериме целата зграда“, изјавиле од противпожарната служба во Оукленд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...