Преговорите на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино со олеснувачот Питер ван Хојте траеле до 2.30 часот наутро, но без успех.

На средбата, освен олеснувачот Питер ван Хојте, присуствуваа Илија Димовски и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски и Цветанка Илиева од СДСМ, Артан Груби и Фатмир Бесими од ДУИ и Беким Фазлиу и Имер Алиу од ДПА.

Заедничката средба вчера следуваше по билатералните договори на партиите со Ван Хојте, кој достави нацрт-предлог на изборниот закон.

„Мета“ дознава дека договорен е само изборот и начинот на одлучување на Државната изборна комисија, додека сè уште е спорно гласањето на дијаспората. Од решавањето на тоа прашање ќе зависи и начинот на гласање на следните парламентарни избори, односно дали тој ќе биде по мнознински или по пропорционален модел.