fbpx

До вторник треба сè да е готово, а преговорите на стенд-бај

-

Веќе десет дена е пробиен рокот што работните групи го имаа според Договорот од Пржино за да ја договорат изборната регулатива.

Откако пред два дена СДСМ ги напушти работните групи, преговорите се во ќор-сокак, а денеска од опозицијата соопштија дека немаат намера да се вратат на преговори додека не се избере целиот тим на Јанева.

Пробиен е и рокот за работната група што требаше да преговара за медиумите. Претставниците на партиите што требаше да ги разгледуваат и да ги решаваат проблемите во медиумите, се сретнаа само еднаш, но од таа средба не излезе никаков конкретен договор, а прашањата за медиумите остануваат отворени. Сè уште нема ни најава кога треба да има нова средба на која ќе се решаваат овие проблеми.

Поради пробивањето на овие рокови, постои можност да се одолжат и решенијата и за другите отворени прашања.

Од Договорот од Пржино, засега испочитуван е рокот само за специјалниот обвинител и тоа не целосно, затоа што Советот на јавни обвинители одобри само половина од тимот што специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го побара.

На дневен ред останаа отворени речиси сите други прашања за кои треба да се најде решение:

  • Анкетна комисија во Собрание (рок за формирање: 15 септември; рок за прв извештај во ноември);
  • Изборен законик (рок: 6 октомври);
  • Проблемите во медиумите (рок: 15 октомври);
  • Да се обезбедат пари и простории за специјалното јавно обвинителство (19 октомври);
  • Привремената влада со министри и со заменици-министри на СДСМ (рок: 20 октомври);
  • Нацрт-верзии на законите за свиркачи и за мораториум за „бомбите“ (рок: 20 октомври);

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...