fbpx

Советот на јавни обвинители за тимот на Јанева расправа зад затворени врати

-

Почна седницата на Советот на јавни обвинители на која ќе се расправа и ќе се одлучува за предлог-тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева од 14 обвинители.

Втора точка на дневен ред е општиот работен, персонален и финансиски план што Јанева минатата недела го достави до Собранието, Владата и до Советот на јавни обвинители.

На седницата е присутна и специјалната обвинителка, која, како предлагач на тимот и подносител на плановите за работа, ќе ги образложи и ќе ги брани своите предлози.

Како член на Советот на јавни обвинители на седницата е присутен и државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Пред почетокот на дискусијата, членовите на Советот се изјаснија дека состанокот ќе го водат зад затворени врати.

По завршувањето на состанокот, најавена е изјава од претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...