fbpx

Хојте: Ова не е војна, партиите мора да направат компромис

-

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, попладнево, додека сè уште траат преговорите за изборната регулатива, им порача на партиите дека мора да направат компромис.

– Партиите мора да сфатат дека не може да добијат сè. Во нормалниот свет, кога се прави компромис, се откажуваш од одредени работи за да добиеш нешто за возврат. Не можете да добиете сè и тоа сакам сите партии да го сфатат. Не можете да победите во сè. Тоа не е како војна, или партија шах каде кога играш, или победуваш или губиш. Секогаш е некаде на средина. Сакам луѓето да постигнат компромис и да го најдат најдоброто решение. Тоа ни е потребно во моментов – рече Хојте за ТВ „Арт“.

Белгискиот олеснувач изјави дека политичките партии сè уште се обидуваат да постигнат решение за гласањето на дијаспората и за одлучувањето во ДИК.

– За повеќето точки од изборниот закон веќе е постигнат договор, но останаа неколку, меѓу кои се гласањето на дијаспората, за која горе-долу има договор. Другата точка се одлуките на ДИК, што е многу важно тело за организирање на изборите. Ние предложивме да оди како некој вид консултативен механизам, наместо да се блокира прогресот на носење одлуки во ДИК. Предложивме јасно решение, каде прво се консултирате пред да ја донесете одлука. Сепак, администрацијата ќе има многу важна улога и сметам дека треба да биде прифатливо за сите партии, но да почекаме како партиите ќе се согласат во следните часови – рече Хојте.

Европската комисија и еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, денеска изразија загриженост поради пробивањето на роковите и, исто така, ги повикаа сите партии да направат компромис, во интерес на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...