fbpx

Груевски: Опозицијата ги минира преговорите за да ги одложи изборите

-

Премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата „Сител“ вечерва најави изградба на нов студентски дом во Скопје, рече дека во моментов во Македонија има историски најниска невработеност од 26,8 проценти и ја обвини опозицијата дека ги минира преговорите за да ги одложи изборите договорени за април идната година.

Груевски, кој најчесто се појавува токму на „Сител“, изјави дека од осамостојувањето на земјава, кога невработеноста била 38 проценти, па сè до денес, има континуирано намалување на невработеноста и дека таа сега е на „историски најниско ново“ од 26,8 проценти.

Премиерот рече дека само во текот на оваа година имало 19.000 нововработени.

Тој ја обвини опозицијата, која сега го критикувала, дека во нејзино време затворала, наместо да отвора фабрики.

Опозицискиот СДСМ, според Груевски, поставувал „нерационални барања“ и со тоа ги минирал преговорите за изборната регулатива за ги одложи изборите.

– Нема бегање од избори, тие ќе мора да се одржат – нагласи премиерот, за кого „во СДСМ се свесни дека ќе загубат, па затоа водат црна кампања“.

Тој ја повика опозицијата да ги достави предлозите за заменичките места во министерствата што треба да се пополнат до 20 октомври, според Договорот од Пржино.

Груевски најави изградба на нов студентски дом во Скопје, за што рече дека во Владата има донесено интерна одлука, но чија локација уште не е утврдена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...