fbpx

Нимиц: Крајно време е да се најде решение за спорот за името

Посредникот Метју Нимиц бара Македонија и Грција да ја прекинат паузата во преговорите за спорот за името и повторно да го стават решавањето на ова прашање високо на политичката агенда. Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) во преговорите за името меѓу...

Нова неизвесна преговарачка недела

Уште една неизвесна преговарачка недела ја очекува Македонија од утре. Иако досега целиот процес на преговори, за најважните работи договорени во Пржино, требаше да биде завршен, политичките партии сè уште не постигнаа договор. Единствено што засега е договорено е изборот на специјалната јавна обвинителка, Катица...

Викендов нема преговори, Ванхауте е на консултации во Брисел

Без речиси никакво поместување, завршиле и вчерашните поединечни обиди на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте за приближување на позициите на партиите потписнички на Договорот од Пржино околу ингеренциите на министрите на опозицијата, објави „24 Вести“. Викендов нема да има преговори бидејќи олеснувачот Ванхауте е во Брисел,...

Иванов: Тајните архиви на Ватикан ќе бидат отворени за македонските истражувачи

Тајните архиви на Ватикан да бидат отворени за македонските истражувачи, договорил денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на 40-минутната средба со папата Франциск во Ватикан. - Конечно, тајните архиви на Ватикан се отворени за нашите истражувачи. Значи, во најскоро време двајца наши истражувачи...

Руски авион со повеќе од 200 патници се урна кај Синај

Руски авион со повеќе од 200 патници и членови на екипажот утринава се урна во Египет, поточно во централниот дел на Синај, потврдија египетските власти. Авионот, кој бил од типот „ербас А-321“,  се урнал набргу по полетувањето од Шарм ел Шеик, а летал кон Санкт Петерсбург. Полицаец...

Германија до ВМРО-ДПМНЕ: Покажете волја и спроведете го Договорот од Пржино

„Специјалниот ополномоштеник за Западен Балкан, Турција и за државите на ЕФТА, д-р Ернст Рајхел, на 28 октовмри 2015 година го покани на разговор македонскиот амбасадор во Берлин, Сашо Марковски, во Министерството за надворешни работи, за да му ги пренесе разочарувањето и загриженоста на сојузната...

Нема крај за арсеновата треска на гевгеличани

Водата во Гевгелија содржи 10 пати повеќе арсен од дозволеното, а веќе 37 месеци државната Агенција за храна и ветеринарство има издадено решение за забрана на употреба на водата од бунарите кај Моин, од кои се врши водоснабдување на Гевгелија. Три години од откривањето...

Партиите заиграа силно на картата на заемно обвинување

По еден ден молк по изјавата на дел од амбасадорите во Македонија, кои испратија порака до политичките партии за итно спроведување на Договорот од Пржино, денеска учесниците во работните групи повторно меѓусебно се обвинија за кршење на договореното. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пред Клубот на пратеници во...

Груевски не го чита „Економист“: Најсиромашните најбрзо напредуваат на листата „Дуинг бизнис“

Премиерот Никола Груевски, на прес-конференција, извештајот „Дуинг бизнис“ го нарече „нов и значаен успех за државата“ и рече дека тој „потврдува дека сме лидери за водење бизнис во регионот, во Европа и во светот“. Според премиерот, успехот на Македонија во извештајот „се должи на...

Што напишаа, а што, всушност, сакаа да кажат амбасадорите?

До политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, и до Владата, а пред сè до владејачката ВМРО-ДПМНЕ и до нејзниот лидер и премиер, Никола Груевски, амбасадорите вчера ја испратија досега најјасната порака, која и покрај својата експлицитност, сепак, беше пренесена на дипломатски јазик. Доколку амбасадорите...

Груевски на странците им твитна стар говор како одговор

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Владата, премиерот и партиски лидер, Никола Груевски, не излегоа со официјална реакција на изјавата на амбасадорите, туку својот став посредно им го соопштија на странците преку твитер-профилот на Груевски. Неколку часа по изјавата на амбасадорите, во која тие ги повикаа политичките партии да...

Амбасадорите порачаа: ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Пржино, СДСМ да не објавува „бомби“

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и на Европската унија денеска пред Влада прочитаа заедничка изјава за политичката криза и за Договорот од Пржино со која ги повикаа од ВМРО-ДПМНЕ да ги почитуваат обврските што ги прифатиле во Пржино, а од СДСМ да...

Јанева: Јас работам, а за сè друго нека кажат Владата и Советот на обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, не сака официјално, ниту неофицијално да ја коментира настанатата ситуација со Специјалното јавно обвинителство и за сите отворени прашања нè упатува на надлежните институции, односно Советот на јавни обвинители, Владата и Министерството за правда. Ова е суштината на краткиот телефонски разговор...

Никој не сака одложување на изборите и покрај пробиените рокови

Мали се шансите за Договорот од Пржино да се реализира, брифираат извори од СДСМ за новинската агенција „Мета“. Оттаму велат дека билатерални средби со партиите има иако притисокот е повеќе насочен кон владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, ако и нешто се случи во последен момент, од...

Доста е од загубени животи по булеварите и во болниците, порачаа граѓаните пред Владата

„Тодоров оставка“, „Оди си Никола“, „Стоп за диктатурата“ и „Секој ден во 6“, извикуваа граѓаните на протестот под мотото „Доста е“, пред Владата и ги повикаа надлежните да преземат одговорност за загубените животи по булеварите и во болниците. - Она што го почнавме на 5 мај,...

Од денеска, секој ден во 18 часот, протести „Доста е“ пред Владата

Почнувајќи од денеска, секој ден, во 18 часот, пред Владата ќе се одржува протест под мотото „Доста е“. Граѓаните ги повикуваат надлежните да преземат одговорност за загубените животи по булеварите и во болниците. „Доста беа сериски убиства по болниците и на улиците! Имаме право на живот,...

За ВМРО-ДПМНЕ преговорите се активни, за СДСМ сè е на стенд-бај

Нема никаков знак дека и денеска нешто ќе се случува околу преговорите на политичките партии. Утре е можно Европската комисија да го затвора извештајот за напредокот на земјава, од што зависи дали на Македонија ќе ѝ биде одземена препораката. Најавите се дека продолжувањето на препораката зависи...

Брисел и Западен Балкан договорија краткорочен план за справување со бегалците

Лидерите на Европската унија на синоќешниот состанок со земјите од Западен Балкан, во Брисел, усвоија 17 точки кои се дел од краткорочниот план за справување со најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и германската канцеларка Ангела...

Во Грција тивок оптимизам дека преодна влада би била поволен соговорник за компромис за името

Би можела ли потенцијалната преодна влада во Македонија да помогне да се раздвижат во позитивна насока врските со Грција? Весникот „Етнос“ пренесува оценки од грчкото министерство за надворешни работи дека преодната влада би можела да помогне да се направи чекор напред во преговорите за...

Специјалното обвинителство во маѓепсан политички круг

Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, иако беа инаугурирани од Собранието пред повеќе од четириесетина дена, сè уште не можат да почнат со работа поради спорот околу бројот на обвинители, а нема официјални информации ниту дали Јанева ги добила бараните финансии за работа од...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...