fbpx

Амбасадорите порачаа: ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Пржино, СДСМ да не објавува „бомби“

-

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и на Европската унија денеска пред Влада прочитаа заедничка изјава за политичката криза и за Договорот од Пржино со која ги повикаа од ВМРО-ДПМНЕ да ги почитуваат обврските што ги прифатиле во Пржино, а од СДСМ да продолжат да ги исполнуваат нивните обврски од договорот, вклучувајќи ја и таа да не објавуваат повеќе прислушувани разговори.

Во изјавата стои:

„Доцна во петокот навечер се сретнавме со премиерот Груевски и му го искажавме нашето разочарување затоа што не се испочитувани роковите што се предвидени во Договорот од Пржино од 15 јули за смена на министрите. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат обврската и имплементацијата на Договорот од Пржино на конструктивен и итен начин и со добра волја. Веруваме дека имплементацијата на Договорот од Пржино е најдобриот излез од оваа политичка криза. Го повикуваме премиерот Груески да го охрабри својот тим да го финализира договорот за нерешените проблеми и да ги имплементира потребните реформи бргу за да може да се обезбедат фер услови и да се одржат кредибилни избори кои ќе бидат признаени и од граѓаните и од меѓународната заедница, како и отчетност за евентуални нерегуларности. Очекуваме на специјалниот обвинител, кој беше едногласно назначен, да му бидат дадени потребни ресурси за да може да почне да работи. Ги повикуваме СДСМ од нивна страна да продолжат да ги исполнуваат нивните обврски од договорот, вклучувајќи ја и нивната обврска да не објавуваат повеќе прислушувани разговори. Договорот од Пржино бара политичките партии на прво место да ги стават интересите на државата и да ја потврдат посветеноста на евроатлантските интеграции и на демократските принципи. Сите политички партии треба да дејствуваат со добра волја и да ја обноват својата посветеност на тој договор, да се однесуваат според мерките на кои се сложија со апсолутна ургентност, која во оваа ситуација е потребна. Неуспехот да се постигне ова, ќе влијае на процената на Европската комисија. Владите, а особено нивните лидери, имаат посебни одговорности за време на политичка криза. Ако сето ова се исполни и има јасни индикации за преземените активности, од своја страна, меѓународната заедница е подготвена да го поддржи нивниот напор“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...