fbpx

Груевски на странците им твитна стар говор како одговор

-

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Владата, премиерот и партиски лидер, Никола Груевски, не излегоа со официјална реакција на изјавата на амбасадорите, туку својот став посредно им го соопштија на странците преку твитер-профилот на Груевски.

Неколку часа по изјавата на амбасадорите, во која тие ги повикаа политичките партии да се држат до обврските од Договорот во Пржино, давајќи му акцент на делот кој се однесува на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски на својот профил ја твитна реченицата, „Македонскиот народ одлучува за својата иднина“ (на англиски јазик), преземена од неговиот говор на 23 октомври, по повод Денот на ВМРО.

На твитот е прикачена англиската верзија на делови од едно и пол часовниот говор на Груевски, во кој тој политичката криза ја нарече „битка, која ќе се реши на изборите на 24 април“, а за исходот ќе одлучи народот, а не странците.

– На тие избори народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба. Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми. Ние. Ние заедно со народот. Ова е наша земја. Ова е наша татковина. Ова е Република Македонија и ние мора да истраеме и да одговориме жестоко на сите предизвици со кои се соочуваме. Тоа сакам да го порачам на овој ден – рече Груевски.

Овој дел од неговиот говор твитнат на профилот на Груевски, е одговорот и ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата на изјавата на амбасадорите.

Покрај тоа, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, вчера за „Мета“ изјава дека владејачката партија останува на своите ставови и нема да ја коментира изјавата на амбасадорите.

– Не би ја коментирале изјавата на амбасадорите. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и досега повеќепати ги соопштивме. Конечната цел е граѓаните во април да го дадат својот глас за политиката што ја поддржуваат – вели Котевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...